A Bíblia On-line

- Anúncios -


Матеј 1 - Свето Писмо (Гаврилова) 1990


Потеклото на Христа, зачнувањето, името и раѓањето.

1 Книга за родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов.

2 Авраам го роди Исака, Исак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќата негови;

3 Јуда го роди Фареса и Зара од Тамар; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама;

4 Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона;

5 Салмон го роди Вооза со Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја;

6 Јесеј го роди цар Давида, а цар Давид со поранешната Уриева жена го роди Соломона;

7 Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса;

8 Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија;

9 Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија;

10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија;

11 Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќата негови за време преселувањето во Вавилон.

12 А по Вавилонското преселување Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела;

13 Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елијакима, а Елијаким го роди Азора;

14 Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда;

15 Елиуд го роди Елеазара; Елеазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова;

16 Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос.

17 И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до Вавилонското преселување се четиринаесет родови; а и од преселувањето Вавилонско до Христа – родови четиринаесет.

18 А раѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да се состанат, се виде дека е тешка од Светиот Дух.

19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти.

20 Но, штом помисли така, ангел Господов му се јави насон и рече: »Јосифе, син Давидов, не бој се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух;

21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови.«

22 А сето тоа стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели:

23 И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!

24 Штом се разбуди Јосиф од сонот, направи така како што му беше заповедал ангелот Господов и ја прими жената своја.

25 И не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016

© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016 

Macedonian Bible Society
Siga-nos em:



Anúncios