Online Bibel

- Annoncer -




Евреите 1:3 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов

3 Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие, Кој носи сѐ со Своето силно Слово, Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините,

Se kapitlet Kopi

Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­виш­ниот во висините.

Se kapitlet Kopi

Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)

3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на Се­вишниот во висините.

Se kapitlet Kopi

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото суштество, и држејќи сѐ со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна од десната страна на престолот на величието во висините

Se kapitlet Kopi

Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик

3 Тој го одразува сиот сјај на Божјата слава и точно покажува каков е Бог. Тој ја одржува вселената со Својот моќен збор. Откако умре за да не исчисти од нашите гревови, Христос седна на небото од десната страна на Величествениот Бог.

Se kapitlet Kopi

Нов превод на Новиот Завет 2023

3 Тој е одблесок на Божјата слава и отпечаток на Неговата суштина и држи сѐ со Својот моќен збор. Откако преку Себе ги очисти нашите гревови, Тој седна од десната страна на Величието во висините.

Se kapitlet Kopi




Евреите 1:3

Følg os:

Annoncer


Annoncer