Online Bible

- Reklamy -




Лука 10:21 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов

21 Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја.

Viz kapitola kopírovat

Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

21 Во тој час се зарадува Исус во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“

Viz kapitola kopírovat

Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)

21 Во тој час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“

Viz kapitola kopírovat

Свето Писмо (Гаврилова) 1990

21 Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: »Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.«

Viz kapitola kopírovat

Свето Евангелие 2008

21 Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: – Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, Оче, зашто таква била волјата Твоја. Крај на св. апостоли, на ангелите, и на саботата. Читај на св. Убрус

Viz kapitola kopírovat

Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик

21 Во тој миг Исус се исполни со радост, преку Светиот Дух, и рече: „Ти благодарам, небесен Татко, Господару на небото и на Земјата, што сето ова им го откри на скромните, а го скри од оние што мудруваат и се потпираат на својот разум. Да, Татко, така сакаше Ти.

Viz kapitola kopírovat




Лука 10:21

Následuj nás:

Reklamy


Reklamy