Јован 19:23 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов23 А војниците, откако Го распнаа Исуса, ги зедоа Неговите облеки и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник, и долната облека. А долната облека не беше шиена, туку целата исткаена одозгора додолу; Viz kapitolaСвето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)23 А војниците, кога Го распнаа Исуса, ги зедоа алиштата Негови и ги разделија на четири дела, на секој војник по еден дел и хитонот. Хитонот, пак, не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу. Viz kapitolaСвето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)23 А војниците, кога Го распнаа Исус, ги зедоа алиштата Негови и ги разделија на четири дела, по еден дел на секого и хитонот. Хитонот, пак, не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу. Viz kapitolaСвето Писмо (Гаврилова) 199023 А војниците, кога Го распнаа Исуса, ги зедоа алиштата Негови и ги разделија на четири дела, по еден дел на секого и хитонот. Хитонот, пак, не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу. Viz kapitolaСвето Евангелие 200823 А војниците кога Го распнаа Исуса, ги зедоа алиштата Негови – и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник – и хитонот. Хитонот не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу. Viz kapitolaДинамичен превод на Новиот завет на македонски јазик23 Откако Го распнаа Исуса, војниците Му ги зедоа алиштата и ги разделија на четири дела - по еден дел за секој војник. Но туниката на Исус беше без раб, исткаена од еден дел. Viz kapitola |