Матеј 26:39 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)39 Оддалечувајќи се малку, падна на лицето свое; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но, не како Јас што сакам, туку како Ти.“ Viz kapitolaСвето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги)39 Оддалечувајќи се малку, падна ничкум; се молеше и говореше: „Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти.“ Viz kapitolaСвето Писмо (Гаврилова) 199039 И како се пооддалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: »Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти.« Viz kapitolaСвето Евангелие 200839 И откако се поодалечи малку, падна ничкум; се молеше и говореше: – Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како Јас што сакам, туку како Ти! Престани овде за Вел. Четврток и премини на зачало 109-то според Лука. И повторно читај одовде. Viz kapitolaБиблија: Стариот и Новиот Завет Константинов39 И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!“ Viz kapitolaДинамичен превод на Новиот завет на македонски јазик39 Потоа Тој се оддалечи малку, падна ничкум и почна да се моли: „Татко Мој, ако е возможно, не дозволувај да страдам на ваков суров начин; сепак, нека се исполни Твојата волја, а не Мојата.“ Viz kapitola |