Рута 3 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновВОЗОВА ОДЛУКА 3:1-18 А. Ноемина ја советува Рута 1 Тогаш Ноемина, нејзината свекрва, ѝ рече: „Ќерко моја, да ти побарам мирно место каде би можела да бидеш среќна? 2 Гледаш, Воз, со чии трудбеници беше, е наш роднина. Еве, тој ќе вее ноќеска јачмен на гумното. 3 Измиј се и намачкај се, облечи се убаво па отиди на гумното. Не оставај да те препознае пред да се најаде и напие. 4 Кога ќе легне, види го местото каде ќе легне; па кога ќе легне, отиди таму, поткрени ја покривката од неговите нозе и легни таму! Тогаш тој ќе ти рече што треба да правиш.“ 5 Таа ѝ одговори: „Ќе направам сѐ како што ми велиш.“ Рута го послушува Ноеминиот совет. Воз решува да дејствува 6 И слезе на гумното и направи сѐ како што и повели свекрвата. 7 А Воз, откако јадеше и пиеше, и така се развесели, отиде и легна покрај стогот. Таа пристапи полека, му ги откри нозете и легна. 8 И околу полноќ, човекот се тргна и се заврте, и ете: жена лежи до неговите нозе. 9 “Која си?“ - праша тој, а таа одговри: „Јас сум Рута, твојата слугинка. Рашири го скутот на твојата облека над твојата слугинка, зашто си ми старател.“ 10 “Господ да те благослови, ќерко моја! - рече - ова твое добро дело што го направи сега е уште подобро од првото, зашто не отиде да бараш млади луѓе, ни богати ни бедни. 11 И затоа, ќерко моја, не плаши се сега; ќе сторам сѐ за тебе што ќе побараш, зашто сите врати на мојот народ знаат дека си чесна жена. 12 Да, навистина сум ти старател; но има уште поближен од мене. 13 Остани ноќеска, ако утре тој, како старател, сака да те земе, добро, нека те земе; а ако нејќе, ќе те земам јас; жив Господ! Спиј до утрото!“ В. Рута се враќа при Ноемина 14 И таа спиеше покрај неговите нозе до утрото. Тој стана пред да може човек човека да препознае, зашто мислеше: „Не треба да знаат дека жена била на гумно.“ 15 И ѝ рече: „Дај ја наметката што е на тебе и држи ја добро.“ Таа ја придржа а тој ѝ тури шест мери јачмен, па ѝ ја поткрена. И таа отиде во градот. 16 Кога стигна, свекрвата ја праша: „Што е со тебе ќерко моја?“ А таа ѝ раскажа сѐ што сторил човекот за неа. 17 И додаде: „Овие шест мери јачмен ми ги даде, велејќи: ‘Не смееш да се вратиш при свекрвата со празни раце.’“ 18 Таа ѝ рече: „Биди спокојна, ќерко моја, додека не видиш што ќе биде: зашто тој нема да има спокојство додека не докрајчи сѐ уште денес.“ |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation