Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 7 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


Б. Совети на благоразумност 1. Избор на најубаво

1 Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето.

2 Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост, отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето.

3 Подобар е јадот отколку смеата, зашто срцето е радосно зад жалосно лице.

4 Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба.

5 Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните.

6 Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета.

7 Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето.

8 Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста.


2. Предност на мудроста пред богатството

9 Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот.

10 Не прашувај зошто некогашните времиња биле подобри од овие, зашто тоа не е мудро прашање.

11 Мудроста е како скапоцено наследство и полезна е за оние врз кои свети сонцето.

12 Бидејќи како што се сребрениците заштита, така е и мудроста; но предноста на знаењето е дека мудроста дава живот на оној што ја има.

13 Погледај ги Божјите дела; кој може да го исправи она што Тој го искривил?

14 Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото, за да не открие човекот ништо од својата иднина.


3. Правила на умереност

15 Сѐ видов во својот суетен живот; праведниот пропаѓа и покрај својата праведност, а безбожникот живее и натаму и покрај својата безбожност.

16 Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?

17 Не биди прелош, и не биди безумен; зошто да умреш пред времето?

18 Добро е да се придржуваш за едното, но ни другото не го испуштај од раката, зашто кој се бои од Бога, се избавува од сѐ.


4. Предност на мудроста пред нечесноста на глупоста

19 Мудроста на мудрецот му дава поголема сила на градот, отколку десет градоначалници.

20 На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.

21 И уште едно: не обрнувај внимание на озборувањето; можеби ќе чуеш дека твојот слуга те колнел;

22 а твоето срце знае како и ти често ги колнеше другите.

23 Сѐ тоа го испитав со мудроста. Мислев дека сум мудар но мудроста ми беше несфатлива.

24 Она што е, далеку е и длабоко, толку длабоко - кој може да го најде.

25 И уште еднаш се обидов да ги истражам и да ги разберам мудроста и разумот, да ја сознаам нечесноста како и глупоста, а лудоста како безумие.


5. Нечесна жена

26 Открив дека има нешто погорчливо од смртта - жената, чие срце е примка и мрежа, а рацете окови; кој Му е мил на Бога, ја избегнува, а грешникот ќе биде уловен од неа.

27 Ете, тоа сѐ го открив во сѐ, вели Проповедникот.

28 И уште барав. Но без успех. Најдов маж - еден меѓу илјада, а не најдов ниедна жена меѓу сите.

29 Го открив, ова: Бог го создаде човекот едноставен, а тој смислува безбројни сплетки.

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy