Проповедник 4 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновБ. Жесток и неправеден живот 1. Солзи на угнетувани 1 Пак почнав да ги набљудувам сите насилства што се прават под сонцето, и ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а утешител нема за нив. 2 Затоа ги сметам среќни мртвите што веќе умреле; посреќни се од живите што живеат уште. 3 А од едните и другите е посреќен оној кој уште не постои, кој не ги видел лошите дела што се прават под сонцето. 2. Труд без цел и осаменост 4 Натаму искусив дека секој напор и секој успех му прибавува на човекот завист од неговиот ближен. И тоа е суета и гонење на ветер. 5 Безумникот ги скрстува рацете и се јаде себеси. 6 Подобро е полн грст во мир отколку двата грста со мачен труд и мака во духот. 7 И уште една суета забележав под сонцето: 8 Човек сосем сам - без син, без брат, и пак нема крај на неговиот труд; очите не можат да му се наситат со богатство; а не мисли: за кого се трудам и си го скратувам доброто себеси? И тоа е суета и зло дело. 9 Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд. 10 Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене. 11 Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот? 12 И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро. 3. Непостојаност на земните царства 13 Подобар е сиромашен младец а мудар, отколку стар цар а неразумен, кој веќе не знае за совет. 14 Зашто младецот може да излезе од темница и да стане цар, а тој и како цар да е роден пак ќе е сиромашен. 15 Забележав како сите кои живеат и одат под сонцето се определија за младецот, за настапникот кој ќе го наследи. 16 Тој стапува на чело на безбројните поданици и идните поколенија не можеа да се радуваат заради него. И тоа е суета и тежина на духот. 4. Вистинска побожност 17 Кога одиш во Божјиот дом, пази на своите чекори. Приближи се за да можеш подобро да слушаш - отколку да принесуваш жртва на лудиот, зашто нема број на сиот народ на сите тие, на кои им началствуваше, иако наследниците не ќе му се радуваат нему. Тие и не знаат дека прават зло. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation