Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 11 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


В. Плодотворен живот 1. Милосрдни дела

1 Фрли го својот леб во водата, и ќе го најдеш после многу време.

2 Раздели им на седуммина или осуммина, зашто не знаеш какво зло ќе ја снајде земјата.

3 Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува.

4 Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее.

5 Како што не знаеш кој е патот на ветерот и како растат коските во утробата на трудна жена, така не ги знаеш ни делата на Бога, Кој создаде сѐ.

6 Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри.

7 Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.

8 Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сѐ што ќе дојде.


2. Детство и младост - суета

9 Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сѐ тоа.

10 Затоа, отстрани ја лутината од своето срце и отстрани го лукавството од своето тело. Но детството и младоста се суета.

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy