Матеј 22 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновСвадбена гозба 1 И Исус почна пак да им зборува и им рече во параболи, велејќи: 2 “Небесното Царство приличи на цар, кој му направи свадба на сина си, 3 и ги испрати своите слуги да ги пови-каат повиканите на свадбата, но тие не сакаа да дојдат. 4 Пак испрати други слуги, велејќи: ‘Речете им на повиканите: Еве, го приготвив својот ручек, моите јунци и згоените се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба!’ 5 А тие не се грижеа и си отидоа: еден на својот имот, а друг по своја трго-вија; 6 а другите ги фатија неговите слуги, ги навредија и ги убија. 7 А царот се разгневи, ја испрати својата војска и ги погуби оние убијци и им го изгоре градот. 8 Тогаш им рече на своите слуги: ‘Гозбата е готова! - но повиканите не беа достојни. 9 Затоа излезете на рас-крсниците и колку ќе најдете, поканете ги на свадбата.’ 10 И слугите излегоа на патиштата и ги доведоа сите, кои ги најдоа: лошите и добрите, и свадбата се наполни со гости. 11 А кога царот влезе да ги види гостите, виде таму еден човек, кој не беше облечен во свадбена облека. 12 И му рече: ‘Пријателе, како влезе тука без свадбена руба?’ А тој молчеше. 13 Тогаш царот им рече на служителите: ‘Врзете му ги нозете и рацете и фрлете го во крајната темнина; таму ќе биде плач и чкртање со забите!’ 14 Зашто мнозина се повикани, но малку се избрани!“ Плаќање на данок 15 Тогаш фарисеите отидоа и се договорија како да Го фатат на збор. 16 И Му ги испратија своите ученици, заедно со Иродовците, за да Му речат: „Учителе, знаеме дека си вистински и дека во вистина ги учиш луѓето на Божјиот пат, и не ти е грижа од никого, зашто не гледаш на лицето на луѓето. 17 И така, речи ни, што мислиш Ти! Дали е дозволено да му се дава данок на царот или не?“ 18 А Исус, го разбра нивното лукавство и рече: 19 “Зошто Ме искушувате, лицемери? Покажете ми даночна монета!“ 20 Тие Му донесоа денариј. 20 И им рече: „Чиј е овој лик и натписот?“ 21 Му рекоа: „На ца-рот!“ Тогаш им рече: „Подајте му го царевото на царот, а Божјото на Бога!“ 22 И штом го чуја тоа, се зачудија, па Го оставија, и си отидоа.“ За воскресение на мртвите 23 Во тој ден дојдоа кај Него садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа: 24 “Учи-теле, Мојсеј рече: ‘Ако некој умре без деца, неговиот брат нека ја земе неговата жена и нека му подигне потомство на брата си.’ 25 А при нас беа седуммина браќа: првиот се ожени и умре, а бидејќи немаше пород, му ја остави својата жена на брата си. 26 Така и вториот, и третиот, сѐ до седмиот; 27 а по сите умре и жената. 28 И така, при воскресението: кому од седуммината ќе му биде жена? Зашто сите ја имаа!“ 29 А Исус им одговори и им рече: „Во заблуда сте, зашто не ги знаете Писмата, ниту Божјата сила. 30 Зашто при воскресението ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, туку се како Божјите ангели на небото. 31 А за воскресението на мртвите, не сте ли читале што ви рече Бог, Кој вели: 32 “Јас Сум Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов“? А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите!“ 33 И кога народот го чу тоа, се восхитуваше на Неговата наука. 34 А кога фарисеите чуја дека ги замолкна садукеите, се собраа заедно, 35 и еден од нив, законик, Го праша, искушувајќи Го: 36 “Учи-теле, која е големата заповед во Законот?“ 37 А Тој му рече: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла!“ 38 Тоа е најголемата и прва заповед; 39 а втората е како и оваа: „Љуби го твојот ближен како себеси!“ 40 На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.“ Месија Давидов Син и Господ 41 А кога фарисеите беа собрани, Исус ги праша: 42 “Што мислите за Христа? Чиј Син е?“ Му рекоа: „Давидов.“ 43 Им рече: „Како тогаш Давид, преку Духот, Го наречува Господ, велејќи: 44 ’Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седни од Мојата десна страна, додека ги положам Твоите непријатели под Твоите нозе’? 45 И така, кога Давид Го наречува Господ, како Му е Син?“ 46 И никој не можеше да Му одговори ниту збор, ниту некој се осмели, од тој ден, веќе да Го праша. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation