Матеј 15 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновПреданија на старите 1 Тогаш фарисеите и книж-ниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: 2 “Зошто Твоите ученици го пре-стапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.“ 3 А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание? 4 Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’ 5 а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога, 6 тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание. 7 Лице-мери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: 8 ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. 9 Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’“ 10 И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! 11 Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.“ 12 Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?“ 13 А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. 14 Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.“ 15 А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.“ 16 А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? 17 Не разбирате ли дека сѐ што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? 18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува чове-кот. 19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведо-штва, хули. 20 Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јаде-њето со неизмиени раце не го онечистува човекот.“ Хананејкина вера 21 И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон. 22 И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.“ 23 Но Тој не ѝ одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпу-шти ја, зашто вика по нас.“ 24 Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.“ 25 Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!“ 26 А Тој, одговарајќи ѝ рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.“ 27 Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трош-ките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.“ 28 Тогаш Исус ѝ одговори и ѝ рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час. Исус нахранува четири илјади луѓе 29 И откако замина оттаму, Исус дојде покрај морето Галилејско, се искачи на гората и седна таму. 30 И дојдоа при Него големи мноштва, кои имаа со себе: хроми, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред Исусовите нозе, и Тој ги исцели, 31 така што мно-штвата се восхитуваа како гледаа немите да зборуваат, сакатите здрави, хромите да одат и слепите да гледаат; и Го прославуваа Бога Израелев. 32 А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.“ 33 И учениците Негови Му рекоа: „Откаде ни во пустината толку леб, за да наситиме толку големо мноштво?“ 34 И Исус им рече: „Колку лебови имате?“ Тие рекоа: „Седум и неколку рипчиња.“ 35 И му заповеда на мноштвото да поседне по земјата; 36 ги зеде седумте лебови и рибите, благодари и ги раскрши; и им даде на учениците, а учениците на мно-штвото. 37 И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, седум кошеви полни. 38 А оние, кои јадеа, беа четири илјади мажи, освен жените и децата 39 И штом ги распушти мноштвата, влезе во коработ, и дојде во пределите на Магдала. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation