Марко 9 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов1 И им рече: „Вистина ви велам - има некои меѓу овие, кои стојат тука, кои нема да вкусат смрт, додека не го видат Божјото Царство дојдено во сила.“ Преобразување 2 И по шест дни, Исус ги зеде Петра, Јакова и Јована и ги изведе само нив на една висока планина, насамо, и се преобрази пред нив; 3 и неговите облеки станаа блескави и многу бели, како што белител на земјата не може да ги избели. 4 И им се јави Илија со Мојсеја, и разговараа со Исуса. 5 А Петар проговори и Му рече на Исуса: „Рави! Учителе, добро е да сме тука; да направиме три шатори: еден за Тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија.“ 6 Имено, не знаеше што да рече, зашто беа многу уплашени. 7 И дојде облак и ги засени, а од облакот се чу глас: „Овој е Мојот возљубен Син! Слушајте Го Него!“ 8 И одеднаш кога се обѕрнаа, веќе никого не видоа покрај себе, освен Исуса. 9 А кога слегуваа од гората, им заповеда никому да не му кажу-ваат што видоа, додека Човечкиот Син не воскресне од мртвите.“ 10 И тие го држеа цврсто тој збор, но меѓусебно расправаа: што значи - да се воскресне од мртви? 11 И Го прашаа: „Зошто книжниците ве-лат дека првин Илија треба да дојде?“ 12 А Тој им рече: „Илија ќе дојде првин, и ќе воспостави сѐ. А како е напишано за Човечкиот Син: дека треба многу да пострада и да биде презрен? 13 Но, Јас ви велам, дека Илија дојде, и постапија со него, како што сакаа, како што е напишано за него.“ Исцелување на бесен 14 И кога дојдоа при учениците, видоа многу големо множество околу нив и книжници, кои се препираа со нив. 15 И штом целото множество Го виде, се зачудија, и се стрчаа и Го поздравуваа. 16 И ги праша: „За што се препирате со нив?“ 17 А еден од народот му одговори: „Учителе, Ти го доведов сина си, во кого е нем дух; 18 и кога го фаќа, го кутнува, а тој се пени, чкрта со забите и се здрвува. Им реков на Твоите ученици да го истераат, но не можеа.“ 19 А Тој одговори и рече: „О неверен роде, до кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете го при Мене!“ 20 И Му го доведоа. А штом духот го виде, веднаш го стресе и тој падна на земја, се тркалаше и се пене-ше. 21 Тогаш го праша татка му: „Колку време има откако му се случува ова? А тој рече: „Од детството, 22 а често го фрла во оган и во вода - за да го погуби. Но, ако можеш нешто, смилувај ни се и помогни ни!“ 23 Исус пак му рече: „Ако можеш нешто! Сѐ е можно на оној, кој верува!“ 24 Таткото на детето веднаш извика и рече: „Верувам! Помогни му на моето неверие!“ 25 А Исус штом виде дека придојдува народ, му се закани на нечистиот дух и му рече: „Нем и глув душе, Јас ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“ 26 И извика, и го стресе силно детето и излезе. И беше како мртво, така што мнозина велеа дека умрело. 27 А Исус го фати за рака, го поткрена и тоа стана. 28 А кога дојде во една куќа, Неговите ученици Го прашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“ 29 И им одговори: „Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“ Исус повторно ги претскажува Својата смрт и воскресението 30 И кога замина оттаму, минуваа низ Галилеја, и не сакаше некој да научи за тоа; 31 имено, ги поучу-ваше Своите ученици и велеше: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат; и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. 32 Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.“ Поука за апостолите 33 И дојдоа во Капернаум, и кога беше во куќата, ги праша: „За што се расправавте патем?“ 34 А тие молчеа, зашто патем се расправаа меѓусебно за тоа кој е поголем. 35 Тој пак седна, ги повика Дванае-сетте и им рече: „Кој сака да биде прв, нека биде последен и слуга на сите!“ 36 Тогаш зеде едно детенце, го постави меѓу нив, го прегрна и им рече: 37 “Кој прима едно такво дете во Мое име, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, не Ме прима Мене, туку Оној Кој Ме испратил.“ 38 Јован Му рече: „Учителе, видов-ме еден - кој во Твое име - изгонуваше зли духови, а не оди по нас, и му забранивме, зашто не оди по нас.“ 39 А Исус рече: „Не бранете му! Зашто нема никој, кој би пра-вел чудо во Мое име и да може веднаш потоа да говори зло за Мене. 40 Зашто, кој не е против нас, тој е со нас.“ 41 И кој ќе ве напои со чаша ладна вода во Мое име, затоа што сте Христови, вистина ви велам, нема да ја изгуби својата награда. 42 А кој соблазни едно од овие мали, кои веруваат во Мене, подобро ќе му биде да му обесат на вратот воденички камен и да биде фрлен во морето. 43 И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган, 44 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 45 Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот, 46 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 47 И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот, 48 каде нивниот црв не умира, и огнот не изгорува. 49 Зашто секој ќе биде посолен со оган, и секоја жртва ќе се осоли со сол. 50 Солта е добра, но ако солта стане несолена, со што ќе ја поправите? Имајте сол во себе и имајте мир помеѓу себе.“ |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation