Online Bible

- Reklamy -

Марко 8 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


Исус нахранува четири илјади луѓе

1 Во тие дни, кога пак се собра големо множество и немаа што да јадат, ги повика Своите ученици и им рече:

2 “Жал ми е за народот, зашто веќе три дни се постојано покрај Мене и нема што да јадат.

3 Ако ги распуштам гладни по нивните куќи, ќе премалеат по патот, зашто некои од нив се дојдени оддалеку.“

4 И Неговите ученици Му одговорија: „Откаде може некој да ги насити со лебови, тука во пустината?“

5 И ги праша: „Колку лебови имате?“ А тие рекоа: „Седум“.

6 Тогаш му заповеда на народот да прилегне на земјата. И ги зеде седумте лебови, заблагодари и ги раскрши, и им даваше на Своите ученици да ги стават, и тие ги ставија пред мно-жеството.

7 Имаа и малку рипчиња. И кога ги благослови, заповеда да ги стават и нив.

8 И јадеа и се наситија, и дигнаа седум кошници останати парчиња.

9 А беа околу четири илјади; и ги распушти.

10 И веднаш влезе во кораб со Своите ученици, и дојде во околината на Далманута.


Фарисеите бараат знак.

11 И фарисеите излегоа и почнаа да се препираат со Него, барајќи од Него знак од небото, да Го иску-шаат.

12 А Тој воздивна, со својот дух и рече: „Зошто ова поколение бара знак? Вистина ви велам, нема да му се даде знак на овој род.“

13 И ги остави пак, влезе во коработ и премина на другата страна.

14 И заборавија да земат леб, и имаа само еден леб со себе во коработ.

15 И им заповеда, велејќи; „Гледај-те! Чувајте се од фарисејскиот квас и од квасот Иродов!“

16 Тие пак размислуваа меѓу себе: „Бидеј-ќи немаме леб!“

17 А Исус кога го разбра тоа им рече: „Зошто мислите дека немате леб? Уште ли не разбирате и не сфаќате? Скаме-нето ли е вашето срце?

18 Очи имате, а не гледате? Уши имате, а не слушате?

19 И не си спомнувате ли, кога ги раскршив петте лебови на пет илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?“ Му рекоа: „Дванаесет.“

20 Кога раскршив се-дум лебови на четири илјади, колку кошници полни со залаци кренавте?“ Рекоа: „Седум“.

21 И им рече: „Уште ли не разбирате?“


Исцелување на слеп во Витсаида

22 И дојдоа во Витсаида. И Му доведоа еден слеп и Го молеа да го допре.

23 Тој го фати слепецот за рака, го изведе надвор од селото и му плукна во очите; ги положи рацете на него и го праша: „Гле-даш ли нешто?“

24 Ги подигна очите и рече: „Гледам луѓе како одат - ги гледам како дрва.“

25 Потоа пак ги положи рацете на неговите очи, и прогледа и оздра-ве, и гледаше сѐ јасно.

26 И го ис-прати во неговиот дом, велејќи: „Не влегувај во селото, и никому не раскажувај!“


Исус ги претскажува Својата смрт и Воскресението

27 И излезе Исус, со Своите ученици, по селата на Кесарија Фили-пова; а патем ги прашуваше Сво-ите ученици, велејќи им: „Што велат луѓето, Кој Сум Јас?“

28 Тие Му рекоа: „Јован Крстител, други велат Илија; а трети - дека си еден од пророците.“

29 Но Тој ги праша: „А вие за Кого Ме сметате?“ Петар во одговор Му рече: „Ти си Христос“.

30 И им забрани никому да не зборуваат за Него.

31 И почна да ги учи дека Човечкиот Син треба да пострада многу и да биде отфрлен од старешините, првосвештениците и книжниците; дека ќе Го убијат и дека по три дни ќе воскресне.

32 И тоа го зборуваше отворено. А Петар Го зеде насамо и почна да Го укорува.

33 Но Тој се заврте и ги погледна Своите ученици, го укори Петра и рече: „Оди си од Мене, сатано, зашто ти не мислиш за она што е Божјо, туку за она што е човечко.“

34 И го повика народот, заедно со Своите ученици и им рече: „Кој сака да дојде по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека оди по Мене.

35 Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ќе ја загуби својата душа заради Мене и Евангелието, ќе ја спаси.

36 Зашто, што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости!

37 Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа?

38 Зашто, кој се срами од Мене и од Моите зборови во овој прељубодеен и грешен род, и Човечкиот Син ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Татко, со светите ангели.“

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy