Марко 5 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов1 И дојдоа на другата страна на морето, во Гадаринскиот крај. 2 И кога излезе од коработ, веднаш му дојде во пресрет - од гробовите - човек со нечист дух. 3 Тој живее-ше во гробовите; никој не можеше веќе ни со окови да го врзе, 4 зашто многупати го ставаа во окови и вериги, но тој ги кинеше веригите и ги кршеше оковите, и никој не можеше да го скроти. 5 И постојано, ноќе и дење, беше во гробо-вите и по ридовите, викајќи и удирајќи се самиот со камења. 6 И кога Го виде Исуса оддалеку, дотрча, падна ничкум пред Него, 7 и извика со силен глас: „Што имаш Ти со мене, Исусе, Сине на Сѐвишниот Бог? Те заколнувам во Бога, на мачи ме!“ 8 Зашто му рече: „Излези од човеков, нечисти душе!“ 9 И го праша: „Како ти е името?“ И Му рече: „Името ми е Легион, зашто сме мнозина.“ 10 И го молеа многу да не ги истера од тој крај. 11 А таму, по ридот, пасеше големо стадо свињи. 12 И Го замолија сите демони, велејќи; „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“ 13 И тукутака им дозволи и нечистите духо-ви излегоа, и влегоа во свињите, и стадото - околу две илјади - се спушти по стрмнината во морето, и се удавија во морето. 14 А оние, кои ги пасеа, побегнаа и разгласија во градот и по селата, и дојдоа да видат што станало. 15 И кога дојдоа при Исуса и го видоа бесниот - во кого беше Легионот - како седи облечен и умен, се уплашија. 16 А оние, кои беа виделе, им раскажаа што се случи со бесниот и со свињите. 17 И почнаа да Го молат да си отиде од нивниот крај. 18 А кога влегуваше во коработ, оној кој беше фатен од бесовите, Му се молеше да биде со Него. 19 Но не му одобри, туку му рече: „Оди дома при своите, и раскажи им што ти направи Господ и како ти се смилува!“ 20 И отиде и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус; и сите се восхитуваа. Воскресение на Јаировата ќерка и исцелување на жена со крвотече-ние 21 И кога Исус пак премина со кораб на другата страна, многу народ се собра при Него, а Тој беше покрај морето. 22 И дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир и кога Го виде, падна пред Неговите нозе. 23 И Го моле-ше многу, велејќи: „Мојата ќерка е на умирање, дојди и положи ги рацете над неа - за да биде спасена и да живее!“ 24 И отиде со него. И многу народ одеше по Него и Го притискаше. 25 И една жена, која страдаше од крвотечение дванаесет години, 26 и претрпела многу од мнозина лека-ри и си го потрошила целиот свој имот, а од тоа немаше никаква полза, туку ѝ стана уште полошо; 27 откако чу за Исуса, дојде меѓу народот, одназад, и се допре до Неговата облека, 28 зашто си веле-ше: „Ако се допрам само и до Неговата облека, ќе се спасам!“ 29 И веднаш ѝ прекрати крвотече-нието и таа почувствува во телото дека е излекувана од болеста. 30 А Исус почувствува веднаш во Себе, дека сила излезе од Него, се сврте среде народот и рече: „Кој се допре до Мојата облека?“ 31 Него-вите ученици пак рекоа: „Гледаш дека народ Те притиска и велиш: ‘Кој се допре до Мене?’“ 32 И Тој гледаше наоколу, за да види, кој го направи тоа. 33 А жената, уплашена и растреперена - зашто знаеше што стана со неа - дојде и падна пред Него и Му ја кажа сета вистина. 34 А Тој ѝ рече: „Ќерко, твојата вера те спаси! Оди си со мир и биди здрава од својата болест!“ 35 Додека уште зборуваше, дојдоа од домот на началникот на синагогата и му рекоа: „Ќерка ти умре! Зошто Го измачуваш уште Учите-лот!“ 36 А Исус, кога го чу зборот, што го рекоа, му рече на начал-никот на синагогата: „Не бој се! Само верувај!“ 37 И никому не му дозволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот Јаковов. 38 И дојдоа во куќата на началникот; и виде врева, дека плачеа и пиштеа многу, 39 и кога влезе им рече: „Зошто викате и плачете? Детето не е умрено, туку спие!“ 40 И Му се потсмеваа. А Тој ги истера сите надвор, ги зеде: таткото на детето, и мајката и оние кои беа со Него, и влезе таму каде што беше детето. 41 И кога го фати детето за рака му рече: „Талита кум!“- што значи: „Девој-че, Јас ти велам стани!“ 42 И девој-чето стана веднаш и одеше, зашто имаше дванаесет години. И веднаш се зачудија многу. 43 И им заповеда строго никој да не дознае за тоа, и рече да ѝ дадат да јаде. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation