Марко 1 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновПроповед на Јован Крстител 1 Почеток на Евангелието за Исуса Христа, Божјиот Син. 2 Како што е пишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам Сво-јот гласник пред Твоето лице, кој ќе го приготви Твојот пат; 3 гласот на оној, кој вика во пустината: ‘Пригответе го патот на Господа, израмнете Му ги патеките’.“ 4 Се јави Јован, крштавајќи во пустината и проповедајќи покајно кршта-вање за проштавање на гревовите. 5 И излегуваше при него целата Јудејска страна и сите ерусалимци; и тој ги крштаваше во реката Јор-дан, при што тие ги исповедуваа своите гревови. 6 А Јован беше облечен во облека од камилски влакна и имаше кожен појас околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед. 7 И проповедаше, велејќи: „По мене иде Посилен од мене; пред Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки. 8 Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крсти во Светиот Дух.“ Исусово крштавање и искушение 9 И во тоа време, Исус дојде од Назарет во Галилеја, и Јован Го крсти во Јордан. 10 И веднаш, додека излегуваше од водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб. 11 И се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син; во Кого Ми е милината!“ 12 Веднаш потоа Духот Го одведе во пустината. 13 И беше во пустината четириесет дни, иску-шуван од сатаната. И беше меѓу ѕверови; и ангели Му служеа. Повик на првите ученици 14 А откако Јован беше предаден, Исус дојде во Галилеја, пропове-дајќи го Божјото Евангелие. 15 И зборуваше: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство; покај-те се и верувајте во Евангелието!“ 16 И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде Симона и Андреја, братот Симонов, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа риба-ри. 17 И Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!“ 18 И веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 19 И кога одмина малку потаму ги виде: Јакова, Зеведеевиот син и брата му Јована - и нив во кораб - како ги крпат мрежите; 20 и веднаш ги повика и, оставајќи го татка си Зеведеја со наемниците во коработ, тргнаа по Него. Исусова проповед во Капернаум и во Галилеја, чуда 21 И дојдоа во Капернаум и веднаш во саботата, влезе во синагогата и поучуваше. 22 И ѝ се восхитуваа на Неговата наука, зашто ги учеше како Оној, Кој има власт, а не како книжниците. 23 Тогаш, во нивната синагога беше човек, опфатен од нечист дух, и извика 24 велејќи: „Ах! Што имаме ние со Тебе, Исусе Назарејче? Дали дојде да нѐ погубиш? Знам Кој си Ти: Божји Светец!“ 25 И Исус му се закани: „Молкни и излези од него!“ 26 И нечистиот дух го стресе, извика со висок глас и излезе од него. 27 И сите се зачудија, така што се прашуваа еден со друг, велејќи: „Што е ова? Нова наука - полна со сила! - Им заповеда и на нечистите духови и тие Му се покоруваат!“ 28 И веднаш се разнесе глас за Него на сите страни, по целата галилеј-ска околина. 29 И штом излезе од синагогата, дојде во куќата на Симона и Андреја, со Јакова и Јована. 30 А Симоновата тешта лежеше од тре-ска, и веднаш Му рекоа за неа. 31 Тој ѝ пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската ја остави, па им служеше. 32 А приквечер, по зајдисонце, Му ги доведоа сите болни и бесни 33 и целиот град се собра пред вратата. 34 И исцели мнозина, кои страдаа од разни болести: и истера многу бесови, и не им одобри на демоните да зборуваат, зашто Го знаеја. 35 А наутро, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде во пусто место, и таму се молеше. 36 А Сим-он и оние, кои беа со него, поитаа по Него, 37 и кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“ 38 И им одговори: „Да одиме: во соседните села, да проповедам и таму, зашто затоа и излегов.“ 39 И дојде, пропо-ведајќи - во нивните синагоги по цела Галилеја - и изгонувајќи ги бесовите. Очистување на лепрозен 40 И дојде при Него еден лепрозен, молејќи Го и коленичејќи, Му зборуваше: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 41 И му се смили, ја протегна раката и го допре и му рече: „Сакам! Биди чист!“ 42 И веднаш лепрата отиде од него и стана чист. 43 И предупредувајќи го строго, веднаш го отпушти 44 и му рече: „Гледај, никому ништо да не кажеш! Туку оди, покажи му се на свештеникот, и принеси за своето очистување она, што заповедал Мојсеј - ним за сведоштво.“ 45 А тој, штом си отиде, почна да разгласува многу и да раскажува за наста-нот, така што Исус не можеше веќе јавно да влезе во град; туку беше надвор, по пусти места; а доаѓаа кај Него од сите страни. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation