Лука 5 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновПовикување на први ученици 1 Еднаш, додека народот се притискаше кон Него, за да го слуша Божјото Слово, а Тој стое-ше при Генисаретското Езеро, 2 виде два кораба покрај брегот. Рибарите беа излегле од нив и ги плавеа мрежите. 3 Тој влезе во едниот кораб, кој беше Симонов, го замоли да го оддалечи малку од копното. Потоа седна и го поучу-ваше народот од коработ. 4 А кога прекрати да зборува, му рече на Симона: „Одвеслај кон длабокото и фрлете ги своите мрежи за лов!“ 5 Симон Му одговори и рече: „Учителе, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но на Твој збор, ќе ги фрлам мрежите.“ 6 И кога го направија тоа, уловија големо множество риба, така што им се кинеа мрежите. 7 И им дадоа знак на другарите, во другиот кораб, за да дојдат и да им помо-гнат. И дојдоа и ги наполнија двата кораба, така што почнаа да тонат. 8 Кога Симон Петар го виде тоа, падна пред Исусовите колена и рече: „Оди си од мене, Господи, зашто сум грешен човек!“ 9 Зашто се зачудија - тој и сите, кои беа со него, заради ловот на рибите што ги уловија. 10 А исто така и Заве-деевите синови, Јован и Јаков, кои беа Симонови другари. А Исус му рече на Симона: „Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!“ 11 И ги извлекоа корабите на суво, оставија сѐ и отидоа по Него. Очистување на лепрозен и исцелување на фатен 12 И кога беше во еден град, ете, човек целиот лепрозен, штом Го виде Исуса падна ничкум и Го замоли, велејќи: „Господи, ако сакаш, можеш да ме очистиш.“ 13 Тогаш ја протегна раката, го допре и рече: „Сакам, очисти се!“ И веднаш лепрата падна од него. 14 И му заповеда никому да не му кажува, туку му рече: „Оди, покажи му се на свештеникот и принеси жртва за твоето очистување, како што заповеда Мојсеј, ним за сведоштво!“ 15 А гласот за Него сѐ повеќе се разнесуваше и големо множество народ доаѓаше да Го слуша и да се лечи од своите болести. 16 А Тој се повлекуваше во пустината и се молеше. 17 И кога еден ден поучуваше, седеа фарисеите и законоучителите, кои дојдоа од сите галилејски и јудејски села и од Ерусалим. А Господовата сила беше таму за да ги исцели. 18 И ете, луѓето донесоа на постела фатен човек и гледаа да го внесат и да го положат пред Него. 19 И бидејќи не најдоа од каде да го внесат заради множеството, се искачија на покривот и го спуштија низ отвор, сосѐ постела, насредина пред Исуса. 20 Кога ја виде нивната вера, рече: „Човеку, ти се опростуваат гревовите.“ 21 Тогаш книжниците и фарисеите почнаа да размислуваат, велејќи: „Кој е Овој, Кој хули на Бога? Кој може да ги опростува гревовите освен Единиот Бог?“ 22 А Исус, кога ги созна нивните мисли, во одговор им рече: „Зошто разми-слувате така во своите срца? 23 Што е полесно да се рече: ‘Ти се опростуваат гревовите’ или ‘Стани и оди’! 24 Но, да знаете дека Човечкиот Син има власт на земјата да ги опростува гревовите, му рече на фатениот: „Тебе ти велам, стани и дигни го својот одар и оди си во својот дом!“ 25 И веднаш стана пред нив, го зеде она на кое лежеше, и си отиде дома, славејќи Го Бога. 26 И тие сите се зачудија и Го славеа Бога и - исполнети со страв - зборуваа: „Денес видовме чудни нешта!“ Повикување на Матеј 27 И потоа излезе и го забележа цариникот по име Левиј, како седи во царинарницата, и му рече: „Врви по Мене!“ 28 Тој остави сѐ, стана и тргна по Него. 29 И Левиј му приреди голема гозба во својот дом; имаше и многу цариници и други прилегнати покрај трпезата. 30 А фарисеите и нивните книж-ници им негодуваа на Неговите ученици, велејќи:“ Зошто јадете и пиете со цариниците и греш-ниците?“ 31 Исус одговори и им рече: „Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. 32 Не дојдов да ги повикам праведните, туку греш-ниците на покајание.“ 33 А тие Му рекоа тогаш: „Јова-новите ученици постат често и се молат, така и фарисејските, а Твоите јадат и пијат?“ 34 Исус пак им рече: „Можете ли да ги натерате сватовите да постат додека е младоженецот со нив? 35 Туку ќе дојдат дни кога младоженецот ќе биде грабнат од нив; тогаш ќе постат, во тие дни. 36 А им ја кажа и оваа парабола: „Никој не кине крпа од нова облека, за да ја стави на стара облека; инаку ја кине новата облека, а на старата не ѝ прилега крпа од новата. 37 И никој не налева ново вино во стари мевови; инаку новото вино ќе ги скине мевовите и ќе истече, а мевовите ќе пропаднат. 38 Туку ново вино, треба да се налева во нови мевови, па се запазува и едното и другото. 39 И никој - откако пил старо вино - не сака ново, зашто вели: „Старото е подобро.“ |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation