Лука 4 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновИсусово искушување 1 А Исус исполнет со Светиот Дух, се врати од Јордан, 2 и Духот Го водеше во пустината 2 четириесет дена, каде беше искушуван од ѓаволот. А во тие дни не јадеше ништо, а кога поминаа тие, Тој огладне. 3 Тогаш ѓаволот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“ 4 А Исус му одговори: „Напишано е, дека човекот не ќе живее само со леб.“ 5 И го одведе на високо и Му ги покажа, во еден миг, сите царства на светот 6 и Му рече ѓаволот: „Ќе ти ја дадам сета власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и јас ја давам кому што сакам. 7 И така, ако ми се по-клониш, сѐ ќе биде Твое.“ 8 А Исус одговори и му рече: „Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: ‘Поклонувај Му се на Господа, Твојот Бог, и само Нему служи Му!’ 9 И Го одведе во Ерусалим и Го постави на врвот на Храмот и Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се оттука долу, 10 зашто е напи-шано: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе, да Те запазат 11 и ќе Те носат на раце, за да не си ја сопнеш Твојата нога на камен.’ 12 Исус одговори и му рече: „Кажано е: ‘Не искушувај Го Господа, Својот Бог.’“ 13 И откако го заврши секое искушение, ѓаволот отстапи од Него за некое време. Проповед во Галилеја 14 И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина. 15 А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа. 16 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита. 17 Му го подадоа книжниот свиток на пророкот Исаија и го одвитка и го најде местото каде што беше напишано: 18 “Господовиот Дух е на Мене, зашто Ме помаза и Ме испрати да им проповедам на бедните; да ги исцелам скрушените по срце, 19 да им навестам на заробе-ниците, дека ќе бидат пуштени, на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја навестам благопријатната Господова година.“ 20 Го завитка свитокот, му го врати на службе-никот и седна, а очите на сите во синагогата беа свртени кон Него. 21 И почна да им зборува: „Денес се исполни ова писмо, во вашите уши. 22 И сите Му посведочија и им се восхитуваа на благодатните збо-рови, што излегуваа од Неговата уста. И велеа: „Не е ли Овој Синот Јосифов?“ 23 И им рече: „Секако ќе ми ја кажете пословицава: ‘Лека-ре, излечи се сам!’ Направи и тука, во својот роден крај, сѐ што чувме дека си направил во Капернаум.“ 24 Тогаш им рече: „Вистина ви велам, дека ниеден пророк не е примен во својата родина. 25 Висти-на ви велам - имаше многу вдовици во Израел, во времето на Илија, кога небото беше затворено три години и шест месеци и настана голема глад по целата земја; 26 и при ниедна од нив не беше пратен Илија, а само при жената вдовица во Сидонската Сарепта. 27 Исто имаше многу лепрозни во Израел во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не беше очистен освен Сириецот Нааман.“ 28 А кога го чуја тоа, сите во синагогата се наполнија со гнев 29 и станаа, и Го истераа од градот, и Го одведоа до стрмнината, на која беше соѕидан нивниот град, за да Го фрлат долу. 30 Но Тој помина меѓу нив и си отиде. Проповед и чуда во Капернаум 31 И слезе во Капернаум, град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота. 32 И ѝ се восхитуваа на Неговата наука, зашто Неговото слово беше силно. 33 А во синагогата имаше човек опфатен од дух на нечист бес; тој извика со силен глас: 34 “Ех, што имаме ние со Тебе - Исусе Назареецу? Дали дојде да нѐ упропастиш? Знам, Кој си Ти: Божји Светец.“ 35 А Исус го прекоруваше, велејќи: „Молкни и излези од него!“ Тогаш бесот го кутна на средина и излезе од него, и ништо не му напакости. 36 И сите се исплашија и си велеа еден на друг: „Какво е тоа слово, да со власт и со сила им заповеда на нечистите духови и излегуваат?“ 37 И се разнесе глас за Него по сите околни места. 38 И стана од синагогата, влезе во Симоновиот дом. А Симоновата тешта беше опфатена од силна треска и Го помолија за неа. 39 И се наведна кон неа, ѝ запрети на треската, и таа ја остави, и стана веднаш и им служеше. 40 А кога сонцето зајде, сите, кои имаа болни од разни болести ги доведоа при Него. А Тој ги положи рацете на секого од нив и ги исцели. 41 И лоши духови излегуваа од мнозина и викаа, велејќи: „Ти си Божји Син.“ А Тој ги прекори и не им дозволуваше да зборуваат, зашто знаеја дека Тој е Христос. 42 А кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а народот Го бараше и дојдоа до Него, и сакаа да Го задржат, за да не си отиде од нив. 43 А Тој им рече: „И на другите градови треба да им го проповедам Евангелието за Божјото Царство, зашто Сум испратен за тоа.“ 44 И проповедаше по синагогите во земјата Јудејска. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation