Online Bible

- Reklamy -

Лука 3 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


Проповед на Јована Крстител

1 А во петнаесеттата година од владеењето на царот Тибериј, кога Понтие Пилат беше управител на Јудеја, и Ирод четворовласник на Галилеја, а неговиот брат Филип четворовласник на Итуреја и Трахонитида, а Лисание - четворовласник на Авилинија;

2 при Ана и Кајафа, првосвештеници, Божјото слово дојде до Јована, синот Захариев, во пустината.

3 И тој одеше по целата страна околу Јордан и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите,

4 како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Глас на еден, кој вика во пустината: ‘Пригответе пат за Господа, изра-мнете ги Неговите патеки!

5 Нека се исполни секоја долина, и секоја гора и секое ритче нека се снизат; кривите ќе станат прави, а нерамните места нека бидат глатки!

6 И секое тело ќе го види Божјото Спасение!’

7 На множеството пак, кое доаѓаше да биде крстено од него, му велеше: „Змиини породи! Кој ве предупреди од гневот што иде?

8 Донесете плодови достојни за покајание и не зборувајте сега во себеси: ‘Го имаме Авраама за татко!’ Зашто ви велам, дека Бог може и од овие камења да му издигне деца на Авраама.

9 А и секирата веќе лежи при коренот на дрвјата. Затоа, секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.“

10 А народот го праша: „Тогаш, што да правиме?“

11 А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека му даде на оној кој нема; и кој има храна нека го прави истото!“

12 Дојдоа и цариниците да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да пра-виме ние?“

13 Тој им рече: „Не барајте ништо повеќе од она, што ви е определено!“

14 Го прашаа и војниците: „Што да правиме ние?“ И им рече: „Не измачувајте никого и не клеветете, и бидете задоволни со своите плати!“

15 А бидејќи луѓето беа во недоумица и сите размислуваа во своите срца за Јована - да не е тој Хри-стос,

16 Јован им одговори на сите: „Јас ве крштавам во вода; но иде посилен од мене, Кому јас не сум достоен да го одврзам ременот на Неговите обувки; Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган.

17 Во Неговата рака е лопатата, за да го очисти Своето гумно и за да ја собере пченицата во Својата житница; а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“

18 И така му го проповедаше Евангелието на народот, напомнувајќи и многу други нешта.

19 А четворовласникот Ирод, кого тој го укори заради Иродијада, сопругата на Филипа, брата му, и заради сите зли дела, што ги направил Ирод,

20 кон сите нив го додаде уште ова: го затвори Јована во темница.


Исусово крштавање и родословие

21 Кога се крсти сиот народ - се крсти и Исус и кога се молеше - небото се отвори,

22 и Светиот Дух слезе на Него, во телесен облик, како гулаб, и се чу глас од небото: „Ти си Мојот возљубен Син, во Тебе е Мојата милина.“

23 А Тој - Исус имаше околу триесет години, кога почна да проповеда и беше - како што мислеа - син Јосифов, Илиев,

24 Мата-тов, Левиин, Мелхиев, Јанаев, Јо-сифов,

25 Мататиев, Амосов, На-умов, Еслимов, Нангеев,

26 Матов, Мататиев, Семеинов, Јосифов, Ју-дин,

27 Јоананов, Рисаев, Зорова-велов, Салатилов, Нириев,

28 Мел-хиев, Адиев, Косамов, Елмодамов, Иров,

29 Јосиев, Елиезеров, Јори-мов, Мататов, Левиин,

30 Симео-нов, Јудин, Јосифов, Јонанов, Елијакимов,

31 Мелаев, Маинанов, Мататиев, Натанов, Давидов,

32 Је-сеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Насанов,

33 Аминададов, Арамов, Есромов, Фаресов, Јудин,

34 Јако-вов, Исаков, Авраамов Тарин, Нахоров,

35 Серухов, Рагавов, Фа-леков, Еверов, Салин,

36 Каинанов, Арфаксадов, Симов, Ноев, Ламе-хов,

37 Матусалов, Енохов, Јаредов, Малелеилов, Каинанов,

38 Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy