Лука 20 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновИсусова власт. Лоши земјоделци 1 И еден ден, кога го поучуваше народот во Храмот и го проповедаше Еван-гелието, пристапија свештени-чките главатари и книжниците, со старешините, 2 и Му рекоа: „Кажи ни со каква власт го правиш тоа? Или, Кој е тој, што Ти ја даде таа власт?“ 3 А Тој во одговор им рече: „И Јас ќе ви поставам едно прашање и кажете ми: 4 Јовановото крштавање од небото ли беше, или од луѓето?“ 5 А тие размислуваа меѓу себе, велејќи: „Ако речеме: ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто тогаш не му верувавте?’ 6 Ако речеме - ‘од луѓето’ - сиот народ ќе не убие со камења, зашто е уверен дека Јован е пророк.“ 7 И одговорија дека не знаат од каде е. 8 А Исус им рече: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам ова.“ 9 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Некој човек насади лозје, и го даде под наем на земјоделци, и си отиде на подолго време. 10 А кога дојде време, испрати свој слуга при земјоделците, за да му дадат од плодовите на лозјето. Земјодел-ците го натепаа и го испратија назад празен. 11 И пак испрати друг слуга, а тие го натепаа и него, го засрамија и го испратија празен. 12 Испрати и трет, а тие и него го ранија и го исфрлија. 13 Тогаш господарот на лозјето рече: „Што да правам? Ќе го испратам својот возљубен син. Можеби од него ќе се засрамат. 14 А кога земјоделците го видоа, почнаа да размислуваат меѓу себе: „Овој е наследникот! Да го убиеме, за да биде наследството наше!“ 15 И го исфрлија надвор од лозјето и го убија. И така, што ќе им направи господарот на лозјето? 16 Ќе дојде и ќе ги погуби земјоделците, а лозјето ќе им го даде на други.“ А кога тие го чуја тоа, рекоа: „Да не биде!“ 17 А Тој ги погледна и рече: „Тогаш, што зна-чи ова што е напишано: „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот? 18 Секој, кој ќе падне врз овој камен, ќе се разбие, а врз кого ќе падне тој, ќе го сотре.“ 19 И во истиот час книж-ниците и свештеничките глава-тари гледаа да стават рака врз Него, но се плашеа од народот. Имено разбраа дека за нив ја раскажа оваа парабола. Плаќање данок 20 И набљудувајќи Го Му испратија луѓе, кои се правеа праведни, за да Го фатат во некој збор и да им го предадат на началството и на власта на управителот. 21 И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш; и не гледаш кој е кој, туку според вистината поучуваш по Божјиот пат. 22 Дали е дозволено да даваме данок на ќесарот или не?“ 23 Тој пак го разбра нивното лукавство и рече: 24 “Покажете ми денариј! Чиј образ и натпис има?“ Тие рекоа: „Ќесарев!“ 25 А Тој им рече: „Тогаш, дајте му го ќесаровото на ќесара, а Божјото на Бога!“ 26 И не можеа да Го фатат во збор пред народот; и замолкнаа зачудени од Неговиот одговор. Воскресение на мртви 27 Тогаш се приближија некои од садукеите, кои тврдат дека нема воскресение, и Го прашаа, велејќи: 28 “Учителе, Мојсеј ни напиша: „Ако некому му умре оженет брат, а е без деца, брат му нека ја земе жената и му подигне потомство на брата си.“ 29 Беа седуммина браќа. Првиот се ожени и умре без деца; 30 и вториот, 31 и третиот ја зеде, и така сите седуммина. И умреа и не оставија деца. 32 Најпосле умре и жената. 33 И така: при воскресението, кому од нив ќе му припадне жената како жена, зашто сите седуммина ја имале за жена?“ 34 А Исус им одговори: „Децата на овој век се женат и мажат, 35 а кои ќе се удостојат да го добијат оној век и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат. 36 Тие не ќе можат веќе ни да умрат, зашто се како ангелите; и Божји синови се, зашто се синови на воскресението. 37 А дека мртвите стануваат, тоа и Мојсеј го кажа на местото при капината, каде Го нарече Господа: „Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.“ 38 А Бог не е на мртвите, туку на живите; зашто во Него сите се живи.“ 39 А некои од книжниците во одговор рекоа: „Учителе, добро рече!“ 40 И не се осмелија веќе да Го прашаат за нешто. Месија - Давидов Син и Господ 41 Тогаш им рече: „Како велат дека Христос е Давидов Син? 42 Зашто самиот Давид вели во свитокот на псалмите: „Му рече Господ на мојот Господ: ‘Седи оддесно Мене, 43 додека ги положам Твоите не-пријатели, за подножје на Твоите нозе!’ 44 И така, Давид Го наречува Господ; како Му е тогаш Син?“ Опасност од книжници 45 И додека целиот народ Го слушаше, Тој им рече на Своите ученици: 46 “Чувајте се од книж-ниците, кои сакаат да одат во долги облеки, на кои им се мили: поздравите на јавни места; првите места во синагогите и челните места на гозбите! 47 Кои ги изедуваат домовите на вдовиците, и лажно се молат долго. Тие ќе добијат поголема пресуда!“ |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation