Online Bible

- Reklamy -

Јаков 3 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


За зауздување на јазикот

1 Не бидете, браќа мои, мнозина од вас учители, зашто знаеме дека ќе бидеме построго осудени за тоа.

2 Зашто сите ние грешиме многу. Ако некој не греши во зборувањето, тој е совршен човек, способен да го заузда и целото свое тело.

3 И кога на коњите им ставаме узда во устата, за да ни се покоруваат, и можеме да управуваме со целото нивно тело.

4 Ете, и корабите, иако се толку големи и се гонети од силни ветрови, со нив управува мошне мала крмичка, каде што сака кормиларовата волја.

5 Така и јазикот е мал член, но се фали со големи работи. Ете, како мал оган запалува голема шума!

6 И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.

7 Зашто, секаков вид ѕверови и птици, лазачи и морски животни, се скротуваат и се скротени од човечкиот род,

8 но никој од луѓето не може да го скроти јазикот, немирно зло, полн со смртоносен отров.

9 Со него Го благословуваме нашиот Господ и Татко, и со него ги проколнуваме луѓето, кои се создадени според Божјо подобие.

10 Од истата уста излегува благослов и проклетство. Тоа не смее, браќа мои, да биде така.

11 Тече ли од изворот, од ист отвор, слатка и горчлива вода?

12 Може ли, браќа мои, смоквата да роди маслинки, или лозата смокви? Така ни солениот извор не може да даде слатка вода.


За вистинска мудрост и дух на светов

13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност.

14 Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината!

15 Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска;

16 зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто.

17 А мудроста која доаѓа одозгора, пред сѐ: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.

18 А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy