Броеви 26 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновПопис на младо поколение 1 После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон: 2 „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.“ 3 И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон, 4 сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја: 5 Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците; 6 од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците. 7 Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет. 8 Елијав беше Фалуев син, 9 а Елијавови синови: Намуил, Датан и Авирон. Овие: Датан и Аврион беа угледни членови на општеството, кое се подигна против Мојсеја и Арона во Кореевата буна, кога се побунија против Господа. 10 Тогаш земјата ја отвори својата утроба и ги проголта заедно со Кореј, кога смртта ја грабна таа група и кога огнот голтна двеста и педесет луѓе. Така станаа опомена за другите. 11 Но, Кореевите синови не загинаа. 12 Симеонови синови по нивните поколенија: од Намуил родот на Намуиловци; од Јамин родот на Јаминовците; 13 од Зара родот на Заринците и од Саул родот на Сауловците. 14 Тие се Симеоновите родови: дваесет и две илјади и двеста. 15 Гадовите синови по нивните родови: од Сифон родот на Сифоновци; од Агиј родот на Агиевци; од Суниј родот на Суниевците; 16 од Азен родот на Азеновците; од Ириј родот на Ириевците; 17 од Арод родот на Ародовците и од Арилиј родот на Арилиевците. 18 Тоа се родовите на Гадовите потомци, според нивното пребројување: четириесет илјади и пет стотини. 19 Јудини синови: Ир и Авнан. И Ир и Авнан умреа во Ханаанската Земја. 20 Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци. 21 Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци. 22 Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини. 23 Исахарови синови по нивните родови: од Тола родот на Толинци; од Фува родот на Фувинци; 24 од Јасув родот на Јасувовците и од Амрам родот на Амрамовци. 25 Тоа се Исахаровите родови. Нив ги запишаа шеесет и четири илјади и триста. 26 Завулонови синови по нивните родови: од Саред родот на Саредовците; од Алон родот на Алоновци и од Алил родот на Алиловци. 27 Тоа се Завулоновите родови, според нивното пребројување: шеесет илјади и пет стотини. 28 Јосифови синови по нивните родови: Манасиј и Ефрем. 29 Манасиеви синови: од Махир родот на Махировци. На Махира му се роди Галад. Од Галад е родот на Галадовци. 30 Овие беа Галадови синови: од Ахиезер родот на Ахиезеровците; од Халек родот на Халековци; 31 од Есрил родот на Есриловци; од Сихем родот на Сихемовци; 32 од Симаер родот на Симаеровци и од Офер родот на Оферовци. 33 Оферовиот син Салпад немаше синови, туку ќерки. Имињата на Салпадовите ќерки беа: Мала, Нуја, Егла, Мелха и Терса. 34 Тоа се Манасиеви родови. Избројаните од нив: педесет и две илјади и седум стотини. 35 Овие пак се Ефремовите синови, по нивните родови: од Сутал родот на Суталовците; од Вехер родот на Вехеровци и од Тахан родот на Тахановци. 36 Овие се Суталови синови: од Еран родот на Ерановците. 37 Тоа се родовите на Ефремовите синови, според нивното пребројување: триесет и две илјади и пет стотини. Тоа се Јосифови синови, по нивните родови. 38 Венијаминовите синови, по нивните родови: од Вела родот на Велинци; од Асвил родот на Асвиловци; од Ахирам родот на Ахирамовци; 39 од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци. 40 Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци. 41 Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини. 42 Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови. 43 Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини. 44 Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците. 45 Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци. 46 На Аировата ќерка името ѝ беше Сара. 47 Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини. 48 Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци; 49 од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци. 50 Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини. 51 И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет. Делба на земја 52 Господ му рече на Мојсеја: 53 „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња. 54 На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните. 55 Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња. 56 Наследството ќе биде поделено со жрепка, на секое племе според неговата големина.“ 57 Ова е попис на левитите, по нивните поколенија: од Гирсон родот на Гирсоновците; од Каат родот на Каатовци и од Мерариј родот на Мерариевци. 58 Еве се родовите на Левиевците: родот на Ловениевци, родот на Хевроновци, родот на Малиевци, родот на Мусиевци и родот на Кореевци. На Каат му се роди Амрам. 59 На Амрамовата жена името ѝ беше Јохавета. Беше Левиева ќерка, која му се роди на Левија во Египет. Таа му ги роди на Амрам: Арона, Мојсеја и нивната сестра Маријам. 60 На Арона му се родија: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар. 61 Надав и Авиуд загинаа кога принесуваа непосветен оган пред Господа. 62 Сите избројани мажи од еден месец па нагоре беа дваесет и три илјади. Тие не беа избројани заедно со Израелевите синови; и не им беше доделено наследство меѓу Израелевите синови. 63 И така, тоа се оние, кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Елеазар; тие го извршија овој попис на Израелците покрај Јордан, во Моавските Полиња спроти Ерихон. 64 Меѓу нив немаше ниту еден од оние кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Арон, кога ги избројуваа Израелевите синови во Синајската Пустина. 65 Зашто Господ беше рекол за нив: „Нека изумрат во пустината и нека не остане никој од нив, освен: Халев, Ефониевиот син, и Исус, синот Навинов!“ |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation