Online Bible

- Reklamy -

Броеви 25 - Библија: Стариот и Новиот Завет Константинов


Израел се прилепува до Ваал

1 Додека Израел живееше во Ситим, народот почна да блудствува со Моавските ќерки.

2 Тие го повикуваа народот на жртвувањата на своите богови, а народот јадеше на нивните гозби и им се поклонуваше на нивните богови.

3 Така Израел се прилепи до Фегорскиот Ваал. И Господ пламна со гнев против Израел.

4 „Собери ги сите народни началници - му рече Господ на Мојсеја. Обеси ги пред Господа на бел ден, за да се одврати Господовиот гнев од Израел.“

5 Тогаш Мојсеј им рече на израелевите судии: „Нека секој ги погуби оние свои луѓе, кои се прилепија до Фегорскиот Ваал.“

6 Токму тогаш некој од Израелевите синови дојде и доведе една Мадијанка при своите браќа, пред очите на Мојсеја и пред очите на сето Израелско општество, кое заплака при влезот од Шаторот на средбата.

7 Кога Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, го забележа тоа, стана пред заедницата: зеде копје во раката

8 и тргна по Израелецот, во лежиштето, и ги прободе двата, Израелецот и жената; неа низ слабините, па прекрати поморот на Израелевите синови.

9 А тие кои изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.

10 Господ му рече на Мојсеја:

11 „Финес, синот Елеазаров, синот на свештеникот Арон, ја одврати Мојата јарост од Израелевите синови, зашто покажа ревност за Мене, и Јас не ги истребив Израелевите синови во Мојата ревност.

12 И така кажи му: ‘Еве, со него склучувам завет на мир.

13 Тоа нека биде за него и за неговите потомци, после него, завет на вечно свештенство, зашто ревнуваше за својот Бог и ги застапи Израелевите синови.’“

14 Името на Израелецот кој беше убиен - на оној кој беше погубен заедно со Мадијанката - беше Зимриј, син на Салу, началник на еден татковски дом на Симеоновците.

15 А името на убиената жена Мадијанка ѝ беше Хазвија. Беше Сурова ќерка. Сур беше родовски главатар на едно семејство во Мадијан.

16 Господ му рече на Мојсеја:

17 „Завојувај против Мадијанците и порази ги,

18 зашто и тие војуваа против вас со итрина и ве измамија со Ваал-Фегор и со својата сестра Хазвија, ќерка на мадијански началник, која беше погубена во денот на поморот заради Фегор.“

The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov

Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®

Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

City Bible Foundation
Následuj nás:



Reklamy