Амос 3 - Библија: Стариот и Новиот Завет КонстантиновСУД НАД ИЗРАЕЛ 3:1-6:14 А. Израелев однос кон Бога 1 Чујте го Израелеви синови ова слово кое Господ го зборува против вас, против секој род што го изведов од Египетската Земја: „Само вас ве познав меѓу сите земни племиња, затоа ќе ве казнам за сите ваши гревови.“ 3 Одат ли двајца заедно ако не се договорат? 4 Рика ли лавот во гората ако нема плен? Пушта ли лавчето глас во дувлото ако ништо не улови? 5 Паѓа ли птицата на земјата ако нема клопка на неа? Се дига ли мрежата од земјата ако ништо не се фати? 6 Труби ли трубата по градот ако Господ не ја испрати? 7 Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - пророците. 8 Лавот рика: кој не ќе се исплаши? Господ Бог зборува: кој не ќе пророкува? Б. Гревови на Самарија 9 „Разгласете го ова по асирските дворци и по дворците во Египетската Земја; речете: „Соберете се на планините на Самарија, погледајте го големиот неред во неа и угнетувањето сред неа. 10 Зашто не знаат да прават право,’ говори Господ. ‘Во дворците натрупуваат насилство и угнетување.’“ 11 Затоа Господ Бог зборува вака: „Непријателот ќе ја опколи земјата, ќе ги разурне твоите тврдини, ќе ги ограби твоите дворци.“ 12 Господ зборува вака: „Како кога пастирот ќе истрга две листни коски или делче од уво од лавската уста, така ќе се истргаат Израелевите синови кои седат во Самарија на работ на постелата и на леглата.“ 13 Чујте и посведочете против Јакововиот дом - говори Господ Бог, Бог над Воинствата: 14 „Во оној ден кога ќе го казнам Израел за злосторите ќе ги казнам и ветилските жртвеници; роговите на жртвеникот ќе се скршат и ќе паднат на земјата. 15 Ќе ги разурнам зимската куќа и летната куќа, ќе пропаднат куќите од слонова коска. Многу куќи ќе исчезнат!“ говори Господ. |
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.
City Bible Foundation