Матеј 9 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 9 (Зачало 29) 1 Тогаш Он влезе во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. Крај на неделата 2 И ете, донесоа при Него еден фатен, кој лежеше на постелка. Па кога ја виде Исус нивната вера, му рече на фатениот: – Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои. 3 Тогаш некои од книжни ците рекоа во себе: Овој богохулствува. 4 А Исус, штом ги разбра мислите нивни, рече: – Зошто мислите лошо во срцата ваши? 5 Оти, што е полесно? Да кажам: ти се проштеваат гревовите твои, или да речам: стани и оди? 6 Но, за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштева гревови; тогаш му рече на фатениот: – Стани, земи си ја постелката и оди си дома! 7 И тој стана, ја зеде постелката своја и си отиде дома. 8 А народот, кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Којшто им дал таква власт на луѓето. Крај на неделата (Зачало 30) 9 Акога си одеше оттаму, Исус виде еден човек, по име Матеј, како седи на царинарницата, и му рече: – Врви по Мене! И тој стана и тргна по Него. 10 И кога седеше Исус на трпеза дома, одеднаш мнозина цариници и грешници дојдоа и седнаа до Него и до учениците Негови. 11 Но, кога го видоа тоа фарисеите, им рекоа на учениците Негови: – Зошто вашиот Учител јаде и пие со цариници и грешници? 12 А Исус, кога го чу тоа, им рече: – Здравите немаат потреба од лекар, туку болните; 13 одете и научете се што значи: „милост сакам, а не жртва“. Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание. Крај на саботата (Зачало 31) 14 Тогаш дојдоа при Него учениците Јованови и рекоа: – Зошто ние и фарисеите постиме многу, а Твоите ученици не постат? 15 А Исус им рече: – Зар можат сватовите да бидат нажа лени додека е со нив младоженецот? Но, ќе дојдат дни, кога младоженецот ќе се оттргне од нив, и тогаш тие ќе постат. 16 Зашто никој не крпи стара облека со нова крпа, оти таа ќе се отшие од старото и дупката ќе биде поголема; 17 ниту, пак, се клава ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукнат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се тура во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото. Крај на петокот (Зачало 32) 18 Додека Он им говореше за тоа, ете, некој началник се приближи до Него, му се клањаше и велеше: – Ќерка ми умре сега; но дојди, положи ја раката Своја над неа и таа ќе оживее. 19 И откако стана Исус, тргна по Него, заедно со учениците Свои. 20 И ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвотечение, се приближи одзади и се допре до крајот од облеката Негова. 21 Зашто си велеше: само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам. 22 А Исус, кога се заврте и ја виде, рече: – Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси! И оздраве жената од тој момент. 23 И кога дојде Исус во куќата на началникот и ги виде свирачите и народот збунети, 24 им рече: – Излезете надвор, зашто девојката не е умрена, туку спие. И тие Му се потсмеваа. 25 А штом го истера народот, Он влезе, ја фати за рака и девојката стана. 26 И тоа се расчу по целиот тој крај. Крај на саботата (Зачало 33) 27 Акога си одеше Исус оттаму, тргнаа по Него двајца слепи и викаа: – Помилуј нѐ, Исусе, сине Давидов! 28 А штом дојде в куќи, слепите се приближија до Него. И Исус им рече: – Верувате ли дека можам да го направам тоа? Тие Му рекоа: – Да, Господи! 29 Тогаш се допре до очите нивни и рече: – Нека ви биде според верата ваша! 30 И очите им се отвори ја; а Исус им заповеда, велејќи: – Гледајте никој да не дознае! 31 А тие, штом излегоа, разгласија за Него по целата онаа земја. 32 Додека тие излегуваа, ете, доведоа при Него еден човек нем и бесен. 33 По изгонувањето на бесот, немиот проговори. А народот се чудеше и говореше: никогаш такво нешто не станало во Израилот. 34 А фарисеите велеа: Он ги изгонува бесовите со силата на началникот на бесовите. 35 И одеше Исус по сите градови и села, и поучуваше по нивните синагоги, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и секаква немоќ во народот. Крај на неделата (Зачало 34) 36 Штом виде многу народ, се сожали, зашто беа изморени и прснати како овци без пастир. 37 Тогаш им рече на Своите ученици: – Жетвата е голема, а работници малку; 38 затоа, помолете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва. |