Online Bible

- Reklamy -

Матеј 5 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 5

1 Кога го виде народот, се искачи на планината; а штом седна, учениците Негови се приближија до Него.

2 И откако ја отвори устата Своја, ги поучуваше и говореше:

3 Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно!

4 Блажени се оние што плачат, оти ќе се утешат!

5 Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!

6 Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат!

7 Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!

8 Блажени се чистите по срце, оти тие ќе Го видат Бога!

9 Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!

10 Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно!

11 Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови, лажно – заради Мене!

12 Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата; така ги гонеа и пророците што беа пред вас! Крај на преподобните

13 Вие сте солта на земјата. Но, ако солта ја изгуби соленоста, со што ќе се осоли? Таа веќе за ништо не е, освен да се фрли надвор и да се изгази од луѓето. Крај на вторникот


(Зачало 11)

14 Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град што се наоѓа на врв планина.

15 Ниту, пак, светилото се пали и клава под поклоп, туку на свеќник и им свети на сите в ку ќи.

16 Така нека свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец, Кој е на небесата.

17 Немојте да мислите дека сум дошол да го нарушам Законот или Пророците; не сум дошол да ги нарушам, туку да ги исполнам.

18 Зашто, вистина ви кажувам: додека постојат небото и земјата, ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ.

19 И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно; а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно. Крај на светителите


(Зачало 12)

20 Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно.

21 Сте слушале дека им било речено на старите: „Не убивај; а кој убие, виновен е пред судот“.

22 Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот; а оној што ќе го нарече брата си „празноглав“, ќе биде виновен пред врховниот суд; а оној, пак, што ќе рече „будала“, ќе биде виновен за во пеколот.

23 Па, ако принесуваш дар на жртвеникот, и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,

24 тогаш, остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди, најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот твој.

25 Измири се со противникот твој навреме, додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на слугата и да бидеш затворен;

26 вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара. Крај на средата


(Зачало 13)

27 Сте слушале дека на старите им било речено: „Не прељубодејствувај“!

28 Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое.

29 Ако десното око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото – да биде фрлено во пеколот.

30 И десната рака, ако те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; оти подобро ти е да погине еден твој дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.

31 Речено било, исто така: „Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде развод“.

32 А јас, пак, ви велам: – Секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и којшто ќе се ожени со напуштена, тој прељубодејствува. Крај на четвртокот


(Зачало 14)

33 Сте слушале уште и тоа дека им било речено на старите: „Не колни се криво, а заклетвите пред Господа исполнувај ги“.

34 Јас, пак, ви велам: – Не колнете се воопшто – ниту во небото, оти тоа е престол Божји;

35 ниту во земјата, зашто таа е подножје на нозете Негови; ниту во Ерусалим, оти е град на великиот Цар.

36 Ниту во главата твоја не колни се, зашто не можеш ниту едно влакно да го направиш бело или црно.

37 Но, зборот ваш да биде: да – да, не – не, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.

38 Сте слушале дека било речено: „Око за око, заб за заб“.

39 Јас, пак, ви велам: да не се противите на злото. Ако некој те удри по десниот образ, сврти му го и другиот.

40 А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и наметката.

41 И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.


(Зачало 15)

42 На оној што бара од тебе, – дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.

43 Сте слушале дека е речено – „љуби го својот ближен и мрази го непријателот“.

44 А јас, пак, ви велам: љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат, и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,

45 за да бидете синови на вашиот Отец Кој е на небесата; зашто Он го остава Своето сонце да грее над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните.

46 Оти, ако ги сакате оние што ве љубат вас, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците?

47 И, ако ги поздравувате само браќата свои, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците? вате вашата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку, нема да имате награда од вашиот Отец Кој е на небесата.

48 Но бидете совршени, ка ко што е совршен вашиот Отец небесен. Крај на саботата

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy