Online Bible

- Reklamy -

Матеј 17 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 17 (Зачало 70)

1 И по шест дни, ги зеде Исус со Себе Петра, Јакова и брат му Јована, и ги изведе на висока планина сами;

2 и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.

3 И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.

4 Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: – Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.

5 Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: – Овој е Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја; Него послушајте Го!

6 И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.

7 Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: – Станете и не плашете се!

8 А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никого, освен Исуса.

9 И кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: – Нико му не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите. Крај на Преображение


(Зачало 71)

10 Аучениците Негови Го прашаа, говорејќи: – Зошто, пак, книжници те велат дека најнапред треба да дојде Илија?

11 Исус им одговори и рече: – Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ;

12 но, ви велам дека Илија веќе дојде, и не го познаа, туку му направија како што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.

13 Тогаш учениците разбраа дека Он им говори за Јована Крстителот.


(Зачало 72)

14 Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена

15 и рече: – Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода;

16 го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излечат.

17 А Исус одговори и рече: – О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!

18 И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час. Крај на петокот

19 Тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: – Зошто не можевме ние да го истераме?

20 А Исус им рече: – Поради вашето неверие: зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно и ѝ речете ли на оваа планина: премести се одовде таму, и таа ќе се премести; и ништо нема да биде за вас невозможно.

21 Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.

22 А кога беа во Галилеја, Исус им рече: – Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,

23 и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне. Крај на неделата А тие многу се нажалија.


(Зачало 73)

24 Акога пристигнаа во Капернаум, се приближија до Петра оние што собираа дидрахми и му рекоа: – Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?

25 Тој одговори: – Да. И кога влезе дома, Исус побрза да му рече: – Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?

26 Петар му одговори: – Од туѓите. Исус му рече: – Значи, синовите не плаќаат;

27 но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица, и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го, за Мене и за себе.

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy