Матеј 1 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 1 (Зачало 1) 1 Книга за родословот на Исуса Христа, син Давидов, син Авраамов. 2 Авраам го роди Исаака; Исаак го роди Јакова, а Јаков го роди Јуда и браќа му; 3 Јуда ги роди Фареса и Зара од Тамара; Фарес го роди Есрома, а Есром го роди Арама; 4 Арам го роди Аминадава; Аминадав го роди Наасона, а Наасон го роди Салмона; 5 Салмон го роди Вооза од Раав; Вооз го роди Овида со Рут, а Овид го роди Јесеја; 6 Јесеј го роди царот Давида, а царот Давид го роди Соломона, од Уриевата жена; 7 Соломон го роди Ровоама; Ровоам го роди Авија, а Авија го роди Аса; 8 Аса го роди Јосафата; Јосафат го роди Јорама, а Јорам го роди Озија; 9 Озија го роди Јоатама; Јоатам го роди Ахаза, а Ахаз го роди Езекија; 10 Езекија го роди Манасија; Манасија го роди Амона, а Амон го роди Јосија; 11 Јосија го роди Јоакима; Јоаким го роди Јехонија и браќа му – при преселувањето вавилонско. 12 А по вавилонското преселување, Јехонија го роди Салатиила, а Салатиил го роди Зоровавела; 13 Зоровавел го роди Авиуда; Авиуд го роди Елиакима, а Елиаким го роди Азора; 14 Азор го роди Садока; Садок го роди Ахима, а Ахим го роди Елиуда; 15 Елиуд го роди Елиазара; Елиазар го роди Матана, а Матан го роди Јакова; 16 Јаков го роди Јосифа, мажот на Марија, од која се роди Исус, наречен Христос. 17 И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет; и од Давида до вавилонското преселување се четиринаесет родови; и од преселувањето вавилонско до Христа се четиринаесет родови. (Зачало 2) 18 Араѓањето на Исуса Христа стана вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосифа, уште пред да заживеат, се виде дека зачнала од Светиот Дух. 19 А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја отпушти. 20 Но, штом помисли така, ете, ангел Господов му се јави насон, велејќи: Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја примиш Марија, жената своја, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух; 21 Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси Својот народ од неговите гревови. 22 А сето ова стана за да се исполни кажаното од Господа преку пророкот, кој вели: 23 „Ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил, што значи: со нас е Бог“. 24 Штом се разбуди Јосиф од сон, направи така како што му заповеда ангелот Господов и ја прими жената своја. 25 И не се доближи до неа додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус. Крај на неделата, на утрената и на првиот час |