Online Bible

- Reklamy -

Марко 5 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 5 (Зачало 19)

1 И преминаа оданде морето, во земјата гадаринска.

2 И кога излезе Он од коработ, одеднаш Го сретна еден човек од гробовите со нечист дух.

3 Тој живееше во гробовите, и дури со синџири никој не можеше да го врзе;

4 оти многупати беше во окови и со синџири врзан, ама ги кинеше синџирите и ги раскинуваше оковите, и никој не можеше да го скроти;

5 и секогаш, ноќе и дење, беше по гробиштата и ридиштата, викаше и се удираше со камења.

6 Штом Го виде Исуса оддалеку, притрча и Му се поклони;

7 па, како извика со висок глас, рече: – Што имаш Ти со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!

8 Бидејќи му велеше: духу нечист, излези од човекот!

9 И го праша: – Како те викаат? А тој одговори и рече: – Легион ми е името, оти сме многу.

10 И го молеа многу да не ги гони од тој крај.

11 А таму, по ридот, пасеше голем број свињи.

12 И сите бесови Го молеа и велеа: – Испрати нѐ во свињине, да влеземе во нив.

13 И Исус веднаш им дозволи. Па, откако излегоа Неч истите духови, влегоа во свињите; и се стрчаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.

14 А оние што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што се случило.

15 И дојдоа при Исуса, и го видоа бесниот, во кого имаше легион, како седи облечен, и со здрав ум, и се уплашија.

16 А оние, кои беа виделе, раскажуваа што се случи со бесниот и со свињите.

17 И почнаа да Го молат да си отиде од нивните краишта.

18 А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесен, Го помоли да биде со Него.

19 Исус не му дозволи, а му рече: – Оди дома при своите, па раскажи им што ти направи Господ и како те помилува.

20 Си отиде, и почна да раскажува по Десетградието што му направи Исус. И сите се чудеа. Крај на четвртокот


(Зачало 20)

21 И кога повторно премина Исус со коработ на другата страна, при Него се собра многу народ. И беше покрај морето.

22 И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир, па штом Го виде, падна пред нозете Негови

23 и Го молеше многу, говорејќи: – Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете на неа, за да оздрави и да биде жива.

24 И појде со него. Азад Него врвеше многу народ, и Го притискаа. Изостави на петокот


(Зачало 21)

25 Една жена, што страдаше од крвотечение дванаесет години,

26 и големи маки беше претрпела од мнозина лекари, и потрошила сѐ што имала, но никаква полза не видела, а ѝ станало дури и полошо,

27 штом чу за Исуса, се приближи одзади меѓу народот и се допре до облеката Негова;

28 оти си велеше: – Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.

29 И веднаш престана крвотечението, и таа осети во телото свое дека е излечена од болеста.

30 А Исус веднаш осети во Себе како излезе сила од Него и се заврте кон народот, и рече: – Кој се допре до облеката Моја?

31 Учениците Негови Му рекоа: – Гледаш дека народот Те притиска, а прашуваш: кој се допре до Мене?

32 Но Он гледаше наоколу, за да ја види онаа што го направи тоа.

33 Жената, пак, се уплаши и трепереше и, знаејќи што се случи со неа, се приближи, падна пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34 А Он ѝ рече: – Ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир и биди здрава од болеста своја! Крај на понеделникот

35 Додека Он уште говореше, Читај во петокот дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: – Ќерка ти умре, што Му создаваш уште труд на Учителот?

36 Но Исус, штом ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: – Не плаши се, а само верувај!

37 И никому не му дозволи да оди по Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот на Јакова.

38 Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде смут, плачење и силно врискање.

39 И кога влезе, им рече: – Што сте се развикале и расплакале? Девојчето не е умрено, туку спие.

40 А тие Му се потсмеваа. Он, пак, штом ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето.

41 И кога ја фати раката на девојчето, рече: – Талита, куми! – што значи: девојко, тебе ти велам, стани!

42 И девојчето веднаш стана и почна да оди, бидејќи имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу.

43 А Он строго им заповеда, никој да не разбере за тоа, и рече: – Дајте ѝ да јаде.

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy