Online Bible

- Reklamy -

Марко 13 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 13 (Зачало 58)

1 Акога излегуваше од храмот, еден од учениците Негови Му рече: – Учителе, гледај какви камења и какви згради!

2 Исус му одговори и рече: – Ги гледаш ли овие големи згради? Ни камен на камен нема да остане овде, што не ќе биде урнат.

3 А кога седеше на Маслиновата Гора, спроти храмот, Го прашаа насамо Петар, Јаков, Јован и Андреј:

4 – Кажи ни кога ќе биде тоа и кој е знакот, кога ќе се изврши сето тоа?

5 Исус, одговарајќи им, почна да зборува: – Чувајте се, да не ве прелаже некој.

6 Оти мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи дека сум Јас; и ќе прелажат мнозина.

7 А кога ќе чуете за војни и гласови за војни, не плашете се; зашто сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.

8 Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; а на некои места ќе има и потреси, и глад, и маки. Тоа е почетокот на болките. Крај на петокот


(Зачало 59)

9 Но, вие чувајте се сами, зашто ќе ве предадат на судови; а по синагогите ќе ве бијат, и пред управници и пред цареви ќе бидете изведени заради Мене, за сведоштво пред нив.

10 И кај сите народи најнапред треба да се проповеда Евангелието.

11 Кога, пак, ќе ве поведат за да ве предадат, не грижете се однапред што ќе говорите, ниту размислувајте; а она што ќе ви се даде во тој час, тоа кажете го; не сте вие кои ќе говорите, туку Светиот Дух.

12 И брат братот ќе го предаде на смрт, и татко чедото, и ќе се дигнат децата против родителите, и ќе ги убијат.

13 Ќе бидете намразени од сите заради Моето име; кој ќе претрпи до крај, тој ќе биде спасен. Крај на понеделникот


(Зачало 60)

14 Акога ќе ја видите, „мерзоста на запустението“, како што рекол пророкот Даниил, да стои каде што не треба – кој чита, нека разбере – тогаш оние што се во Јудеја, нека бегаат по планините;

15 и кој е на покривот, да не слегува во куќата, ниту да влегува да земе нешто од куќата своја;

16 и кој е на нива, да не се враќа за да ја земе облеката своја!

17 Но, тешко на бремените и на оние што ќе дојат во тие дни.

18 Туку, молете се, бегањето ваше да не биде зиме!

19 Зашто во тие дни ќе биде мака, каква што не била до сега од почетокот на светот, што го создаде Бог, а и нема да биде.

20 И, ако Бог не ги скратеше тие дни, тогаш не би се спа сил ниеден човек; но заради избраните кои ги избра Он, ќе ги скрати дните.

21 Тогаш, ако ви каже некој: еве, овде е Христос, или: ене, таму е, – не верувајте!

22 Бидејќи ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, и избраните.

23 Но вие – чувајте се! Ете, сѐ претходно ви кажав. Крај на вторникот


(Зачало 61)

24 Во тие дни, по жалос та, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина,

25 и ѕвездите небески ќе попаѓаат, и силите што се на небото ќе се разнишаат.

26 И тогаш ќе Го видат Синот Човечки, како доаѓа на облаците, со голема сила и слава.

27 Па ќе ги испрати ангелите Свои и ќе ги собере Своите избрани од четирите ветра, од крајот на земјата до крајот на небото.

28 Со смоквата направете споредба: кога нејзините гранки ќе се подмладат и ќе пуштаат лисја, знаете дека е близу летото.

29 Па така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека е близу пред врата.

30 Вистина ви велам: нема да помине овој род, додека сето тоа не се исполни.


(Зачало 62)

31 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат. Крај на средата

32 А за тој ден и час никој не знае, ни ангелите небесни, ниту Синот, а само Отецот.

33 Внимавајте, бидете будни и молете се, оти не знаете кога ќе настане времето.

34 Како што човек кој, заминувајќи, ја оставил куќата своја и дал власт на слугите свои, секому своја работа, и на вратарот му заповедал да биде буден;

35 така бидете будни, зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или кога петлите ќе пропејат, или наутро;

36 па, да не дојде ненадејно и да ве затекне да спиете.

37 А ова што ви го зборувам вам, им го зборувам и на сите: бидете будни!

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy