Марко 11 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 11 (Зачало 49) 1 И кога се приближи до Ерусалим, во Витфагија и Витанија, при Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците, 2 и им рече: – Одете во селоно што е наспроти вас, па штом ќе влезете во него, ќе најдете врзано магаренце, коешто ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го! 3 И, ако ви рече некој: зошто го правите тоа? – Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати тука. 4 Тие отидоа и го најдоа магаренцето, врзано за портата однадвор, на раскрсницата, и го одврзаа. 5 И некои од оние што стоеја таму, им рекоа: – Што правите? Зошто го одврзувате магаренцето? 6 А тие им одговорија, како што им беше заповедал Исус, и тие ги оставија. 7 И го доведоа магаренцето при Исуса, ги кладоа врз него алиштата свои, и Он седна на него. 8 И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. 9 А оние што одеа пред Него и по Него, викаа и велеа: Осана! Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово! 10 Благословено е царството на нашиот татко Давида, коешто доаѓа во името Господово! Осана во висините! (Зачало 50) 11 И влезе Исус во Ерусалим, и во храмот; разгледа сѐ; па како веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетте во Витанија. Крај на понеделникот 12 А утредента, кога излегоа од Витанија, Он огладне; 13 и кога оддалеку виде една смоква покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доближи до неа, не најде ништо освен лисја, оти уште не беше времето за смокви. 14 И кога одговори Исус, ѝ рече: – Отсега, никој довека да не вкуси плод од тебе! И го чуја тоа учениците Негови. 15 И пак дојдоа во Ерусалим. Кога влезе Исус во храмот, почна да ги пади оние што продаваа и купуваа во храмот, и ги преврти масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби; 16 и не даваше да пренесе никој преку храмот каков и да било сад. 17 И ги поучуваше, велејќи: – Не е ли напишано: „домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече“; А вие го направивте како разбојничка пештера. 18 И го чуја тоа книжниците и првосвештениците, и гледаа како да Го погубат, зашто се боеја од Него, оти сиот народ се восхитуваше на Неговото учење. 19 А кога се смрачи, Он излезе надвор од градот. 20 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена од корен. 21 И кога се сети, Петар Му рече: – Рави, гледај! Смоквата што ја проколна, се исушила. 22 А Исус им одговори и рече: (Зачало 51) 23 И мајте вера во Бога. Оти, вистина ви велам: ако некој ѝ рече на оваа планина: – дигни се и фрли се в море! – и не се посомнева во срцето свое, а поверува дека ќ е биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже. Крај на вторникот 24 Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете; и ќе ви биде. 25 И кога стоите на молитва, проштевајте ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови. 26 Ако ли, пак, вие не проштевате, и вашиот небесен Отец нема да ви ги прости гревовите ваши. Крај на средата (Зачало 52) 27 И пак дојдоа во Ерусалим; и кога одеше низ храмот, се приближија до Него првосвештениците и книжниците, и старешините, 28 па Му рекоа: – Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја дал таа власт да го правиш тоа? 29 А Исус им одговори и рече: – Ќе ве прашам и Јас еден збор и одговорете Ми; па тогаш и Јас ќе ви кажам, со каква власт го правам тоа. 30 Крштението Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми! 31 А тие си мислеа во себе и велеа: – Ако кажеме: од небото, – ќе рече: па зошто не му поверувавте? 32 Но, ако кажеме: од луѓето? – се плашеа од народот; зашто сите го сметаа Јована за вистински пророк. 33 И кога Му одговорија на Исуса, рекоа: – Не знаеме! А Исус им одговори и рече: – Ни Јас не ви кажувам, со каква власт го вршам тоа. Крај на четвртокот |