Лука 21 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 21 1 Кога ги подигна очите, виде како богатите ги пуштаа своите прилози во храмовата каса; 2 виде исто така и една бедна вдовица, која пушти таму две лепти, 3 и рече: – Вистина ви велам, оваа бедна вдовица пушти повеќе од сите; 4 сите овие дадоа приноси на Бога од својот вишок; таа, пак, од немаштијата своја, даде сѐ што имаше, – целата својата живејачка. Крај на саботата (Зачало 104) 5 И кога некои говореа за храмот, дека е украсен со убави камења и приноси, Он рече: 6 – Ќе дојдат дни и од сето ова што гледате, нема да остане ни камен на камен, сѐ ќе биде урнато. 7 И Го прашаа, говорејќи: – Учителе, а кога ќе биде тоа и каков е знакот, дека ќе стане тоа? Изостави во средата (Зачало 105) 8 Он рече: – Чувајте се, да не ве прелажат; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име и ќе зборуваат оти сум Јас, и дека наближи времето. Но, не одете по нив. 9 А кога ќе чуете за војни и бунтови, не плашете се; сето тоа треба да стане, ама сѐ уште не е крајот. Изостави во саботата Читај во средата 10 Тогаш им рече: – Ќе стане народ против народ и царство против царство; 11 а на некои места ќе има и големи потреси, и глад и помор; ќе има стравотии и големи знаци на небото. Изостави во средата (Зачало 106) 12 Апред сето тоа, ќе стават раце на вас и ќе ве изгонат, предавајќи ве во синагоги и во затвори, и ќе ве водат пред цареви и управници, заради Моето име; 13 а тоа ќе стане, – вам за сведоштво. 14 И така, ставете си при срце да не размислувате однапред што ќе одговарате, 15 зашто Јас ќе ви дадам уста и премудрост, на која не ќе можат да се противат и да одговорат сите ваши противници. 16 Ќе бидете предадени, исто така, и од родители и од браќа, и од роднини и пријатели, а некои од вас ќе бидат и убиени; 17 и ќе бидете намразени од сите, заради Моето име; 18 но, ни влакно од главата ваша нема да загине; 19 со трпение спасувајте си ги душите. Крај на вторникот Читај во средата 20 А кога ќе го видите Ерусалим опколен од војски, знајте, дека наближило неговото запустување. 21 Тогаш, оние што се наоѓаат во Јудеја, нека бегаат во планините; и кои се во градот, да излезат од него; а кои се по околните места, нека не влегуваат во него, 22 зашто тоа се дни на одмазда, за да се изврши сѐ што е напишано. 23 Но, тешко на бремените и на доилките во тие дни: зашто, голема неволја ќе биде на земјата, и гнев врз овој народ; 24 и ќе паднат од сечилото на мечот, и ќе бидат одведени во плен по сите народи; а Ерусалим ќе го газат незнабошци, сѐ додека не завршат времињата на незнабошците. Крај на средата Читај во саботата 25 И ќе има знаци на сонцето и на месечината и на ѕвездите; а на земјата – тага кај народите од неизвесноста и од бучењето на морето, и од брановите; 26 луѓето, пак, ќе умираат од страв и од исчекување на она што ќе го снајде светот, зашто и силите небески ќе се разнишаат; 27 и тогаш ќе го видат Синот Човечки како доаѓа на облаци, со сила и слава голема. Изостави во саботата (Зачало 107) 28 Акога ќе почне тоа да се случува, исправете се и подигнете ги главите свои, зашто наближува вашето спасение. 29 И им кажа парабола: – Погледајте ја смоквата и сите дрвја; 30 кога ќе видите дека потеруваат, сами знаете оти летото е веќе близу. 31 Па така, кога ќе видите дека се случува ова, знајте дека се приближи царството Божјо. 32 Вистина ви велам, нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни. Читај во саботата 33 Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат. Крај на четвртокот 34 Но пазете се; вашите срца да не се оддадат на прејадување и пијанство, и грижи за овој свет, за да не ве затекне оној ден ненадејно; 35 зашто тој ќе дојде како примка за сите што живеат по целата земја; 36 бидете будни во секое време и молете се, за да го избегнете сето она што ќе настане, и да се исправите пред Синот Човечки. Крај на саботата (Зачало 108) 37 Дење Он проповедаше во храмот, а ноќе излегуваше и ноќеваше во гората, наречена Маслинова. 38 И сиот народ доаѓаше наутро при Него во храмот, за да Го слуша. |