Online Bible

- Reklamy -

Лука 2 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 2 (Зачало 5)

1 Во тие дни излезе заповед од царот Август за попис на сите жители.

2 Тоа беше прв попис кога управуваше Кириниј со Сирија.

3 И одеа сите да се запишат, секој во својот град.

4 Отиде и Јосиф од Галилеја, од градот Назарет, во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово,

5 за да се запише со Марија, свршената за него жена, која не беше празна.

6 А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди.

7 И Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, оти за нив немаше место во преноќиштето.

8 Имаше пастири во тој крај, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо.

9 И ете, ангел Господов застана меѓу нив и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу.

10 А ангелот им рече: – Не бојте се! Ете, ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе;

11 зашто денеска во градот Давидов, ви се роди Спасител, Којшто е Христос Господ;

12 и еве ви знак: ќе најдете повиен Младенец, Којшто лежи во јасли.

13 И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи:

14 – Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!

15 Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: – Да отидеме во Витлеем и да видиме што станало таму, што ни го соопшти Господ.

16 И дојдоа брзо и ги најдоа Јосифа и Марија, и Младенецот, Којшто лежи во јаслите.

17 А штом видоа, кажаа сѐ што им беше речено за Тоа Дете.

18 И сите што слушнаа, се восхитуваа на сето она што им го кажуваа пастирите.

19 А Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое.


(Зачало 6)

20 И се вратија пастирите, славејќи и фалејќи Го Бога за сѐ што чуја и видоа, како што им беше речено. Крај спроти Рождество Христово и на третиот час

21 А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му Го дадоа името Исус, изречено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата. Изостави на Обрезание

22 И кога се навршија деновите на нејзиното очистување, според Законот на Мојсеја,


(Зачало 7)

23 Го донесоа во Ерусалим за да Го претстават пред Господа. Како што е напишано во Законот Господов, дека секое машко дете, коешто прво ќе ја отвори утробата, да се посвети на Господа;

24 и да се даде жртва, како што е речено во Законот Господов, две грлици или две гулапчиња.


(Зачало 8)

25 Аво Ерусалим живееше тогаш еден човек поиме Симеон; и тој човек беше праведен и благочестив; и ја очекуваше утехата Израилева; и Светиот Дух беше во него.

26 Нему, од Светиот Дух му беше ветено дека нема да види смрт, додека не Го види Христа Господов.

27 И поттикнат од Духот, дојде во храмот. Па, кога родителите Го донесоа Детето Исус, за да го извршат на Него обичајот, според Законот,

28 тој Го зеде во своите раце, Го благослови Бога, и рече:

29 – Сега со мир го отпушташ Својот слуга, Владико, според зборовите Твои;

30 зашто очите мои го видоа спасението Твое,

31 што си го подготвил пред лицето на сите народи:

32 светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ – Израилот.

33 А Јосиф и мајка Му се чудеа на она што се говореше за Него.

34 Па ги благослови Симеон и ѝ рече на Марија, мајката Негова: – Ете, Овој лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот, и е знак против Кого ќе се говори.

35 А и тебе самата, меч ќе ти ја прободе душата, за да се откријат мислите на многу срца.

36 Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото колено; таа беше многу остарела, а со мажот проживеала само седум години, по моминството свое.

37 Таа беше вдовица на околу осумдесет и четири години и не си одеше од храмот, служејќи Му на Бога со пост и молитва, дење и ноќе.

38 Во тој час пристапи и таа, и Го славеше Господа и им говореше за Него на сите во Ерусалим, коишто чекаа спасение. Крај на светителот

39 И кога извршија сѐ според Законот Господов, се вратија во Галилеја, во својот град Назарет. Читај на Обрезание.

40 А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост, и благодатта Божја беше врз Него. Крај на Сретение Господово, на литургијата

41 И секоја година родителите Негови одеа во Ерусалим на празникот Пасха.

42 А кога Он беше на дванаесет години, тие отидоа во Ерусалим, според обичајот на празникот;

43 но, при враќањето, кога завршија празничните денови, Младенецот Исус остана во Ерусалим; а Јосиф и мајка Му не го забележаа тоа.

44 Мислејќи дека Он е со друштво, изминаа еден ден пат и Го бараа меѓу роднините и познатите.

45 Па, откако не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го ба раат.

46 По три дни, Го најдоа во храмот како седи меѓу учители, ги слуша и ги прашува;

47 сите што Го слушаа, се восхитуваа на Неговиот разум и на Неговите одговори.

48 Кога Го видоа, се зачудија; и мајка Му рече: – Синко, што ни направи така? Ете, татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.

49 А Он рече: – Што сте Ме барале? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, што е на Мојот Отец?

50 Но, тие не ги разбраа зборовите што ги кажа Он.

51 И слезе со нив, па дојде во Назарет; и им беше послушен. А мајка Му ги чуваше сите тие зборови во срцето свое.

52 Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и луѓето. Крај на Обрезание

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy