Online Bible

- Reklamy -

Лука 18 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 18

1 Им кажа и парабола за тоа, дека треба да се молат и да не паѓаат со духот.


(Зачало 88)

2 И рече: – Во еден град имаше судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамеше.

3 Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: – Заштити ме од мојот противник.

4 Но тој за долго време нејќеше. Најпосле си рече во себе: иако не се плашам од Бога и од луѓето не се срамам,

5 но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа повеќе и да не ми додева.

6 И рече Господ: – Чујте што зборува несправедливиот судија?

7 Та Бог нема ли да ги заштити Своите избраници, кои викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?

8 Ви велам, ќе ги заштити набргу. Крај на саботата Но, Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?

9 А на оние што беа уверени во себе дека се праведници, и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:


(Зачало 89)

10 Два човека влегоа во храмот да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник.

11 Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: грабливци, несправедливци, прељубодејци, или како овој цариник.

12 Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што добивам.

13 А цариникот стоеше оддалеку; не смееше дури ни очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: Боже, биди милостив кон мене грешниот!

14 Ви велам, дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понижен, а кој се понизува, – ќе биде воздигнат. Крај на неделата


(Зачало 90)

15 При Него донесуваа и дечиња, за да се допре до нив; а учениците, штом видоа, им забрануваа.

16 Но Исус, кога ги повика, им рече: – Оставете ги децата да доаѓаат при Мене, и не пречете им, зашто на такви е царството Божјо.

17 Вистина ви велам: кој не ќе го прими царството Божјо како дете, нема да влезе во него. Изостави во средата


(Зачало 91)

18 И го праша еден управник, велејќи: – Благ Учителе, што да направам за да наследам живот вечен?

19 А Исус му рече: – Зошто Ме викаш благ? Никој не е благ, освен еден Бог!

20 Ги знаеш заповедите: – не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.

21 А тој рече: – Сето тоа го правам од младоста своја.

22 Штом го чу тоа, Исус му рече: – Уште едно ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа, дојди и врви по мене.

23 А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беше многу богат.

24 Штом виде дека тој се разжалости, Исус рече: – Колку е тешко да влезат во царството Божјо оние што имаат богатство?

25 Полесно е камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо. Читај во средата

26 Оние што го чуја тоа, рекоа: – Тогаш, кој може да се спаси?

27 А Он одговори: – Неможното за луѓето е можно за Бога. Крај на неделата

28 Петар, пак, рече: – Ете, ние оставивме сѐ и врвиме по Тебе.

29 Он им рече: – Вистина ви велам, дека нема ниеден, којшто оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо,

30 а да не добил многу повеќе од тоа уште сега, во ова време, и во идниот век – живот вечен. Крај на средата


(Зачало 92)

31 И кога ги зеде со себе дванаесетте, им рече: – Еве, одиме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни што пишувале пророците за Синот Човечки,

32 дека ќе Го предадат на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го презираат и плукаат,

33 ќе Го бијат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.

34 Но, тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа тајни, и тие не разбраа што им кажа. Крај на четвртокот


(Зачало 93)

35 Акога се приближуваше Он до Ерихон, еден слеп човек седеше покрај патот и просеше;

36 и штом чу дека покрај него врви народ, праша: – Што е тоа?

37 Му кажаа дека минува Исус Назареецот.

38 Тогаш тој извика и рече: – Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!

39 Оние што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: – Сине Давидов, помилуј ме!

40 Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,

41 велејќи: – Што сакаш да ти направам? Тој рече: – Господи, да прогледам!

42 Тогаш Исус му рече: – Прогледај! Верата твоја те спаси.

43 И наеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога. Крај на неделата

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy