Лука 16 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 16 (Зачало 80) 1 Ана учениците Свои им рече: – Еден човек беше богат и имаше настојник; и, тој беше наклеветен пред него, дека го растура неговиот имот. 2 И кога го повика, му рече: – Што е ова што слушам за тебе? Дај сметка за раководењето, зашто веќе не ќе можеш да бидеш настојник. 3 А настојникот си рече во себе: што да правам? Господарот мој го одзема од мене раководењето на куќата; да копам, не можам; да просам, се срамам. 4 Знам што да правам, за да би ме примиле во своите до мови, кога ќе бидам отстранет од раководењето на куќата. 5 И кога ги повика должниците на својот господар, секого поодделно, му рече на првиот: – Колку му должиш на мојот господар? 6 Тој одговори: – Сто мери масло. И му рече: – Земи си ја признаницата, седни и бргу напиши: – педесет. 7 Потоа му рече на другиот: – А ти, колку должиш? Тој одговори: – Сто мери пченица. И му рече: – Земи си ја признаницата и напиши: – осумдесет. 8 И господарот го пофали несправедливиот настојник, оти постапил досетливо; зашто синовите на овој свет во својот род се подосетливи од синовите на светлината. 9 И јас ви велам: – Создадете си пријатели со неправедно богатство, та кога ќе осиромашите, да ве примат во вечните живеалишта. Крај на четвртокот (Зачало 81) 10 Верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. 11 Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? 12 И, ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? 13 Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едиот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона. 14 Сето тоа го слушаа фарисеите, кои беа среброљупци, и Му се потсмеваа. (Зачало 82) 15 Он им рече: – Вие се претставувате пред луѓето за праведници, ама Бог ги знае вашите срца; зашто, она што за луѓето е високо, пред Бога е одвратно. Крај на саботата 16 Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш, царството Божјо се благовестува и секој со напор влегува во него. 17 Но, полесно е небото и земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне. 18 Секој што ја остава жената своја и се ожени со друга, прељубодејствува, и секој што се жени со распуштеница, прави прељуба. Крај на петокот (Зачало 83) 19 Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден се веселеше раскошно. 20 Беше, исто така, еден сиромав, по име Лазар, кој лежеше струплив пред вратата негова; 21 и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови. 22 Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во прегратката Авраамова; умре и богатиот, и го погребаа. 23 И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде Авраама оддалеку, и Лазара во прегратката негова, 24 па извика и рече: – Оче Аврааме, смили се на мене и испрати го Лазара, да го накваси врвот од својот прст во вода и да ми го разлади јазиков, оти многу страдам во овој пламен. 25 Но Авраам рече: – Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар – злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш. 26 Освен тоа, меѓу нас и вас постои голема бездна, така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а, исто така, и оние оттаму – при нас. 27 А тој, пак, рече: – Тогаш, те молам оче, прати го во куќата на татко ми, 28 зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките. 29 Авраам му рече: – Тие го имаат Мојсеја и Пророците, нив нека ги слушаат. 30 А тој рече: – Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат. 31 Авраам му рече: – Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да поверуваат. Крај на неделата Читај во петокот |