Online Bible

- Reklamy -

Лука 12 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 12

1 Меѓутоа, кога се насобра многуилјаден народ, така што се газеа еден со друг, Он почна да им говори најнапред на Своите ученици: – Пазете се од квасот фарисејски, бидејќи е лицемерие. Крај на четвртокот


(Зачало 63)

2 Нема ништо сокриено, а да не се открие, ниту тајно – што не ќе се узнае;

3 па затоа, тоа што сте го рекле во темнина, ќе се чуе на видело; и тоа што сте го рекле на уво во тајните одаи, ќе биде разгласено од покривите.

4 А вам, на Моите пријатели, ви велам: Не бојте се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат;

5 но, ќе ви кажам од кого да се боите: Бојте се од Оној, Којшто, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него бојте се!

6 Зар не се продаваат пет врапчиња за два пенеза? И ниедно од нив не е заборавено од Бога.

7 А вам и влакната на главата ви се изброени. Па така, не бојте се: од многу врапчиња вие сте поскапи.


(Зачало 64)

8 И ви велам: Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели;

9 а кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.

10 На секого што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но, на оној што ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.

11 А кога ќе ве одведат во синагогите и пред властите и началствата, не грижете се како или што ќе одговорите, или што ќе кажете;

12 зашто, Светиот Дух ќе ве научи, во истиот час, што треба да кажете. Крај на петокот и на светителот


(Зачало 65)

13 И екој, пак, од народот Му рече: – Учителе, кажи му на мојот брат да го раздели со мене наслед ството.

14 А Он му рече: – Човеку, кој Ме постави да ви судам или да ве делам?

15 Па им кажа: – Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот. Изостави во понеделникот


(Зачало 66)

16 Аим кажа парабола и рече: – На некој богат човек нивата му беше родила многу;

17 и мислеше во себе, велејќи: што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои.

18 И рече: ова ќе направам: – ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра,

19 и ќе ѝ речам на душата своја: душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; јади, пиј и весели се!

20 Но, Бог му рече: – Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го подготвил, кому ќе му остане?

21 Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бога. Крај на неделата

22 И им рече на учениците Свои: Читај во понеделникот Затоа ви велам: – не грижете се за душата своја, што ќе јадете, ниту за телото свое, што ќе облечете.

23 Душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката.

24 Погледајте ги гавраните дека ниту сеат, ниту жнеат; тие немаат скривници, ниту амбари и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?

25 Па и кој од вас, грижејќи се, може да му додаде еден лакот на својот раст?

26 И така, кога ни најмалото нешто не можете да го направите, зошто се грижите за другото?

27 Погледајте ги криновите како растат: ни се трудат, ниту предат; ама ви велам, дека ни Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив.

28 Ако, пак, тревата во полето, која денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе вас, маловерни!

29 Па затоа и вие, не барајте што ќе јадете или што ќе пиете; и не загрижувајте се.

30 Сето тоа го бараат и незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае, дека тоа ви е потребно.

31 Но, барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви се придаде. Крај на понеделникот


(Зачало 67)

32 Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.

33 Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветвеат, неисцрпно сокровиште на небото, каде што крадец не се приближува и коешто молец не го јаде;

34 зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.

35 Нека ви биде половината притегната и светилата – запалени!

36 Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, коишто го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш, штом ќе дојде и почука.

37 Блазе на оние слуги, кои господарот ќе ги затече будни, кога ќе си дојде. Вистина ви велам, тој ќе се препаше и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.

38 А, ако дојде и на втора стража, и на трета дојде ли, и ги затече така, блазе на тие слуги.

39 Знајте го и тоа, ако домаќинот на куќата знаеше во кој час ќе дојде крадецот, тој ќе седеше буден и немаше да дозволи да му ја поткопаат куќата.

40 И вие, значи, бидете готови! Зашто, во кој час не мислите, ќе дојде Синот Човечки. Крај на саботата

41 А Петар Му рече: – Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за сите?

42 Тогаш Господ рече: Кој е тој верен и мудар управник, кого што го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им дава потребна храна навреме?


(Зачало 68)

43 Блазе на тој слуга, чијшто господар, кога ќе дојде, ќе го затече така да постапува;

44 вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот.

45 Ако, пак, тој слуга рече во срцето свое: – нема скоро да дојде мојот господар, па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива,

46 господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во којшто не очекувал, и во час што не го знаел, па ќе го оддели и срамни со неверните.

47 А оној слуга, што ја знае волјата на својот господар и не се подготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен;

48 кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за наказание, ќе биде малку биен. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е повеќе доверено, повеќе ќе се бара од него. Крај на вторникот


(Зачало 69)

49 Јас дојдов да донесам оган на земјата и колку би сакал веќе да беше се разгорел.

50 Со крштение треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа.

51 Мислите ли дека сум дошол да дадам мир на земјата? Не, ви велам, туку да разделам;

52 оти отсега, петмина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца;

53 ќе биде татко против сина си и син против татка си; мајка против ќерка си и ќерка против мајка си; свекрва против снаата своја и снаата против свекрвата своја.

54 А на народот му рече: Кога ќе видите дека се крева облак од запад, тогаш велите: – ќе врне дожд; така и бива.

55 а кога дува јужниот ветер, велите: ќе биде вруќина; па така и бива.

56 Лицемери, лицето на небото и земјата умеете да го распознавате, а ова време, како не го распознавате?

57 Зошто и самите од себе не судите што е праведно?

58 Кога одиш со својот противник пред власта, гледај уште патем да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на слугата и слугата да те фрли во затвор.

59 Тебе ти велам, оттаму нема да излезеш, додека не ја дадеш и последната пара. Крај на средата

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy