Јован 19 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 19 1 Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го бичува. 2 И војниците, кога сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа пурпурна наметка, 3 и велеа: – Радувај се, Царе Јудејски! И Го удираа по образите. 4 Пилат повторно излезе надвор и им рече: – Еве, ви Го изведувам надвор, за да разберете дека не наоѓам во Него никаква вина. 5 Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец и пурпурна наметка. И им рече Пилат: – Еве Го Човекот! 6 А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: Распни Го, распни! Пилат им рече: – Земете Го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина. (Зачало 60) 7 Јудејците му одговорија: – Ние имаме Закон и според нашиот Закон, Он треба да умре, зашто Самиот се направи Син Божји. 8 Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши. 9 И пак влезе во судницата и Му рече на Исуса: – Од каде си Ти? Но Исус не му даде одговор. 10 Пилат Му рече: – Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам? 11 Исус одговори: – Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора; Изостави на св. крст затоа поголем грев има оној, којшто Ме предаде на тебе. 12 Оттогаш Пилат гледаше да Го пушти. Но, Јудејците викаа, зборувајќи: – Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на императорот. Секој што се прави себеси цар, противник е на императорот. Читај на св. крст 13 Штом го чу овој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, кое се вика Литостротон, а по еврејки Гавата. 14 Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: – Еве Го вашиот Цар! 15 Но тие викаа: – Земи, земи, распни Го! Пилат им рече: – Царот ваш ли да Го распнам? Првосвештениците одговорија: – Ние немаме цар, освен императорот. 16 И тогаш им Го предаде, за да биде распнат. Крај на четвртото евангелие за св. страданија Христови И Го зедоа Исуса, и Го поведоа. 17 И, носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, кое се вика Черепница, а по еврејски Голгота; 18 Таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исуса. 19 Пилат, пак, напиша и натпис, и го постави на крстот. А беше напишано: Исус Назареецот, Царот Јудејски. 20 Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински. Изостави на св. крст 21 Тогаш првосвештениците јудејски му рекоа на Пилата: – Не пишувај: Царот Јудејски, но дека Самиот Он рече: Цар Јудејски сум. 22 Пилат одговори: – Што напишав, напишав! 23 А војниците кога Го распнаа Исуса, ги зедоа алиштата Негови – и ги разделија на четири дела, по еден дел на секој војник – и хитонот. Хитонот не беше шиен, туку исткаен одозгора па додолу. 24 Тогаш си рекоа: да не го расипуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде; за да се исполни кажаното во Писмо то: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка“. Така и направија војниците. Читај на св. крст (Зачало 61) 25 При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина. 26 А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: – Жено, ете ти син! 27 Потоа му рече на учени кот: – Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе. Изостави на св. Јован Богослов и премини на зачало 67 28 По ова, знаејќи Исус дека е сѐ свршено, Изостави на св. крст за да се исполни Писмото, рече: – Жеден сум! 29 Таму стоеше сад, полн со оцет; тие наквасија сунѓер во оцетот, го закачија на трска и Му принесоа до устата Негова. 30 А Исус кога вкуси оцет, рече: – Се сврши! Читај на св. крст И откако ја наведна главата, го предаде духот. Овде читај на Вел. Петок, вечерта 31 Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во саботата, – оти таа сабота беше голем ден – го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат. 32 Тогаш дојдоа војниците и му ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беше распнат со Него. 33 А кога дојдоа до Исуса и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената; 34 но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. 35 И кој виде – посведочи, и сведоштвото му е вистинско; Крај на св. крст и знае дека кажува вистина, за да поверувате вие. 36 Оти ова стана, за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се скрши“. 37 И друго Писмо повторно вели: „Ќе погледнат на Оној, Кого Го прободоа“. Крај на деветтото евангелие за св. страданија Христови и на деветтиот час. А на Вел. Петок, врати се на зачало 113-то според Матеја. (Зачало 62) 38 Потоа Јосиф од Ариматеја, таен Исусов ученик, поради страв од Јудејците, – го замоли Пилата да го симне телото Исусово и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово. 39 А дојде и Никодим, – кој порано беше отишол ноќе при Исуса – и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој. 40 И го зедоа телото Исусово и го завиткаа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат. 41 На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган. 42 Таму Го положија Исуса, поради петокот Јудејски, зашто гробот беше близу. Крај на 11-то евангелие за светите страданија Христови |