Јован 18 - Свето Евангелие 2008ГЛАВА 18 (Зачало 58) 1 Штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку потокот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Он и учениците Негови. Крај на првото евангелие за св. страданија Христови 2 А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше таму со учениците Свои. 3 Тогаш Јуда зеде една чета војници, и слуги од првосвештениците и фарисеите, и дојде таму со фенери, со светила и со оружје. 4 А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: – Кого го барате? 5 Му одговорија: – Исуса од Назарет. Исус им рече: – Јас сум! Со нив стоеше и Јуда, којшто Го предаваше. 6 А кога им рече: – Јас сум, – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. 7 Тогаш повторно ги праша: – Кого Го барате? А тие рекоа: – Исуса од Назарет. 8 Исус одговори: – Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме бара те Мене, оставете ги овие да си одат; 9 за да се изврши словото, кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не погубив“. 10 А Симон Петар, којшто имаше нож, го извади, го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. Името на слугата му беше Малх. 11 Но Исус му рече на Петра: – Стави го ножот во ножницата! Зар да не ја испијам чашата, којашто ми ја даде Отецот? 12 Тогаш четата и војводата, и слугите јудејски, Го фатија Исуса и Го врзаа, 13 и Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник. 14 А Кајафа беше оној што ги посоветува Јудејците дека поарно е да умре еден човек за народот. 15 По Исуса одеше Симон Петар и еден друг ученик; а тој ученик му беше познат на првосвештеникот, и влезе со Исуса во дворот на првосвештеникот. 16 А Петар стоеше надвор, покрај вратата. Другиот, пак, ученик, којшто му беше познат на првосвештеникот, излезе, ѝ рече на вратарката и го воведе Петра. 17 Тогаш слугинката вратарка му рече на Петра: – Да не си и ти од учениците на Овој Човек? Тој рече: – Не сум. 18 А слугите и робовите беа запалиле оган и стоеја, па се грееја, оти беше студено. Со нив стоеше и Петар, и се грееше. 19 А првосвештеникот Го праша Исуса за учениците Негови и за Неговото учење. 20 Исус му одговори: – Јас му говорев јавно на светот; Јас секогаш поучував по синагогите и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал. 21 Зошто Ме прашуваш Мене? Прашај ги оние, кои слушале, што сум зборувал; тие знаат што сум говорел. 22 Кога Он го рече тоа, еден од слугите, кој стоеше близу, Го удри Исуса по образ и рече: – Така ли му одговараш на првосвештеникот? 23 Исус му одговори: – Ако реков лошо, докажи го лошо то; ако ли, пак, добро, зошто ме биеш? 24 Тогаш Ана Го прати врзан при првосвештеникот Кајафа. 25 А Симон Петар стоеше и се грееше. И му рекоа: – Да не си и ти од учениците Негови? Тој се откажа и рече: – Не сум. 26 Еден од слугите на првосвештеникот, кој беше роднина на оној, кому Петар му го беше отсекол увото, рече: – Не те видов ли и тебе во градината со Него? 27 А Петар повторно се одрече; и веднаш петел запеа. И Го поведоа Исуса од Кајафа во судницата. Но беше утро, и тие не влегоа во судницата, за да не се осквернат, а да би можеле да ја јадат пасхата. Крај на второто евангелие за св. страданија Христови (Зачало 59) 28 Тогаш излезе Пилат пред нив и рече: – За што Го обвинувате Овој Човек? 29 Одговорија и му рекоа: – Ако Он не беше злосторник, немаше да ти Го предадеме. 30 А Пилат им рече: – Земете Го вие и судете Го според вашиот Закон. Јудејците му рекоа: – Нам не ни е дозволено да убиваме никого; 31 за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре. 32 Тогаш повторно влезе Пилат во судницата, па Го повика Исуса и Му рече: – Ти ли си Царот Јудејски? 33 Исус му одговори: – Самиот ли го зборуваш тоа или други ти кажаа за Мене? 34 Пилат одговори: – Та јас Евреин ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене: – Што си направил? 35 Исус одговори: – Мое то царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; ама царството Мое сега не е одовде. 36 А Пилат Му рече: – Ти, пак, Цар ли си? Исус одговори: – Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, којшто е од вистината, го слуша гласот Мој. 37 Пилат Му рече: – Што е вистина? И откако го рече ова, пак излезе при Јудејците и им рече: – Јас не наоѓам никаква вина во Него. 38 Но при вас има обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуштам Царот Јудејски? 39 И пак повикаа сите, велејќи: – Не Овој, туку Варава! Варава, пак, беше разбојник. |