Online Bible

- Reklamy -

Јован 16 - Свето Евангелие 2008


ГЛАВА 16

1 Ова ви го кажав, за да не се соблазните.

2 Ќе ве истеруваат од синагогите. Но ќе настапи и време, кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. Крај на саботата и на маченикот


(Зачало 53)

3 И ова ќе го прават, оти не Го познаа Отецот, ниту Мене.

4 Но, ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви рекол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.

5 А сега одам кај Оној, Којшто Ме испрати, и никој од вас не Ме праша: каде одиш?

6 Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага.

7 Ама Јас вистината ви ја кажувам: поарно е за вас Јас да си отидам, оти ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го испратам.

8 И Он, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд;

9 за грев, дека не верувате во Мене;

10 за правда, оти Јас си одам при Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;

11 а за суд, зашто кнезот на овој свет е осуден.

12 Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.

13 А кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; Крај на вторникот но од Себе нема да зборува, а ќе говори што ќе чуе, и ќе ви ја каже иднината;

14 Он Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.


(Зачало 54)

15 Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.

16 Уште малку, и нема да Ме гледате; и, по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам при Отецот.

17 А некои од учениците Негови си рекоа помеѓу Себе: што е тоа, што ни вели: уште малку, и нема да Ме гледате; и, по малку, пак ќе Ме видите, и дека Јас си одам при Отецот?

18 И си зборуваа: што е тоа, што вели: уште малку?

19 Разбра Исус дека сакаат да Го прашаат, и им рече: – Затоа ли се прашувате помеѓу себе, што реков: уште малку, и нема да Ме гледате; и, по малку, пак ќе Ме видите?

20 Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се зарадува; и вие ќе бидете нажалени, ама жалоста ваша ќе се претвори во радост.

21 Жена кога раѓа има болки, оти ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот.

22 Па така и вие, сега сте нажалени; ама Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;

23 и во тој ден нема да Ме прашате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви даде. Крај на средата


(Зачало 55)

24 Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде радоста ваша полна.

25 Ова во параболи ви го кажував; но ќе дојде час, кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.

26 Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека ќе Го помолам Отецот за вас;

27 оти, Самиот Отец ве милува, зашто вие Ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.

28 Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега повторно го оставам светот и одам при Отецот.

29 Му рекоа учениците Негови: – Еве, сега откриено зборуваш и никаква парабола не кажуваш.

30 Сега узнавме дека знаеш сѐ, и нема потреба некој да Те праша. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.

31 Им одговори Исус: – Сега ли верувате?

32 Ете, иде часот, и настапува веќе, за да се разбегате секој при своите, и Мене Сам да Ме оставите; ама Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене.

33 Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Крај на четвртокот Во светот ќе имате маки; но не бојте се, зашто Јас го победив светот.

© Македонска Православна Црква 2008

© Мacedonian Orthodox Church 2008

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy