Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 7 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден – од родениот ден.

2 Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое.

3 Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро.

4 На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во ку­ќа, каде што се веселат.

5 Подобро е да слушаш прекор од му­дар, отколку да слушаш пофалби од глупав;

6 зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета!

7 Угнетувањето на другите го прави мудриот безумен, а подароците го ра­си­пуваат срцето.

8 Крајот на една работа е подобар од нејзиниот почеток; трпеливиот е подобар од горделивиот.

9 Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот се крие во срцето на без­умните.

10 Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа.

11 Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето,

12 зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството на знаењето е во тоа, што муд­роста му дава живот на оној, што ја има.

13 Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво?

14 Во добро време ползувај се со доб­рото, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него.

15 Се нагледав на сѐ во моите суетни дни: праведниот загинува со својата праведност; безбожниот и натаму жи­вее и покрај безбожноста своја.

16 Немој да бидеш премногу строг и немој да се покажуваш за многу умен, зошто да се уништуваш?

17 Не предавај се на грев и не станувај безумен; зошто да умреш предвреме?

18 Добро е, ако се држиш за едното, но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој има страв од Бога, ќе се избави од сето тоа.

19 Мудроста го прави мудриот поси­лен од десет кнезови што се во градот.

20 Нема праведник на земјата, кој пра­ви добро и никако да не греши;

21 затоа не обрнувај внимание на секој збор, што се кажува, за да не го чуеш и слугата свој, кога те навредува;

22 зашто срцето твое знае за многу случаи, кога и ти самиот си навредувал други.

23 Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: „Ќе бидам мудар“, но мудроста е далеку од мене.

24 Далеку е тоа што се случило и мно­гу длабоко: кој ќе го пронајде?

25 Се свртев со срцето свое, за да ги дознаам, изучам и истражам мудроста и разумот, и да го познаам безумието на безбожниот, и незнаењето, и лукавството,

26 и разбрав дека погорчливо од смртта е жената, зашто таа е мрежа, срцето нејзино – стапица, рацете нејзини – око­ви; добриот пред Бога ќе се спаси од неа, а грешникот ќе биде уловен од неа.

27 „Ете, тоа открив јас – рече Про­по­ведникот – испитувајќи едно по друго.“

28 Што уште бараше душата моја, и не го најде? – Маж најдов еден на илјада, но жена меѓу сите нив не најдов.

29 Само, ете, тоа го открив дека Бог го создаде човекот едноставен и добар, но тој самиот си создава проблеми.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy