Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 6 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 Има едно зло, што го видов на земја­та, и тоа често е меѓу луѓето:

2 Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, што и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло!

3 Ако некој изнароди сто синови, про­живее многу години и уште му се ум­но­жат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ќе нема дури ни погреб, подобро му е, велам, на недоносче отколку нему,

4 зашто залудо дошло и отишло во темнина, и името му е покриено со мрак.

5 Тоа дури и не го видело и не го поз­на­ло сонцето: но поспокојно е од оној.

6 А оној, макар да проживеал и две илјади години, без наслада од добрата, нема ли да појде сѐ на исто место?

7 Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити.

8 А каква предност има умниот пред безумниот, каква – сиромавиот, кој умее да се однесува пред луѓето?

9 Подобро е да гледаш со очи, от­кол­ку да посакуваш со душата. И тоа е су­ета и мака за духот.


Совети за мудрост

10 Она што постои, тоа е веќе наре­че­но со име, и се знае дека е тоа – човекот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него.

11 Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е подобро за човекот?

12 Зашто, кој знае што е добро за чо­векот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ќе му каже на човекот, што ќе стане по него на земјата?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy