Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Сѐ има свое време

1 Сѐ има свое време, и секоја работа под небото има свое време;

2 време кога ќе се родиш, и време кога ќе умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото;

3 време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време ко­га се гради;

4 време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра;

5 време кога се расфрлуваат камења, и време кога се собираат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се од­бегнуваат прегратки;

6 време кога се бара загубеното, и вре­ме кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура;

7 време кога се раскинува, и време ко­га се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува;

8 време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир.

9 Каква полза има оној што работи од она, над што се труди?

10 Ги видов (со мака) работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се мачат околу нив.

11 Сето тоа Тој го направил да биде прекрасно во свое време. Ни дал и чув­ство за времето и просторот, но пак не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Тој ги врши од почетокот до крајот.

12 Разбрав дека за нив нема ништо по­добро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој.

13 Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји.

14 Разбрав дека сѐ, што прави Господ, останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се има страв пред лицето Негово.

15 Она што било, тоа е и сега, и она што ќе биде, тоа веќе било, – зашто Бог го враќа она што изминало.


Сѐ завршува со смртта

16 И уште видов под сонцето: наместо закон – беззаконие; наместо правда – неправда.

17 И си реков во срцето свое: „Пра­вед­ниот и безбожниот Бог ќе ги суди, би­дејќи таму има време за секоја работа и суд за секое дело.“

18 Си реков во срцето свое и за си­но­вите човечки – дека Бог ќе ги испита, и ќе им покаже дека тие сами по себе се животни,

19 зашто сѐ што се случува со си­но­ви­те човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е ди­ше­њето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сѐ е суета!

20 Сѐ оди на едно место: сѐ произлегува од земјата, и сѐ ќе се врати во земјата.

21 Кој знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата?

22 И така, јас видов дека нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејќи тоа е негов дел; зашто, кој ќе го доведе после да го погледа она, што ќе биде по него?

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy