Online Bible

- Reklamy -

Проповедник 12 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)

1 И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови, додека не настанале години, за кои ќе речеш: „Не ми се мили“;

2 додека сонцето и светлината на ме­сечината и на ѕвездите не потемнеле, и не дошле нови облаци по дождот;

3 додека не настапил оној ден, кога куќните стражари ќе затреперат, и сил­ни­те мажи ќе се подгрбават, кога воде­ничките ќе престанат да мелат, бидејќи останале малку; кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорец;

4 кога портата ќе почне да се затвора; кога ќе замолкне шумот на рачните мелници, и кога човек ќе почне да ста­нува на птичји глас, и ќерките – пејачки ќе сопрат да пеат;

5 кога висините за нив ќе бидат стра­ш­ни, и по патот ќе има ужаси; кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине; заш­то човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го оп­кру­жуваат по улица;

6 додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот.

7 И ќе се врати правот во земјата, ка­ко што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал.

8 Суета над суетите, вели проповедни­кот, сѐ е суета!


Заклучок

9 Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на муд­рост. Тој сѐ испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки.

10 Проповедникот се трудеше да најде убави мисли и точно ги запиша збо­ро­вите на вистината.

11 Зборовите на мудреците се како ос­тени; како забиени клинци се нивните зборови, дадени од единствениот Пас­тир.

12 А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е за­морно за телото.

13 А суштината на сѐ е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, заш­то тоа му е сета должност на човекот;

14 зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy