Online Bible

- Reklamy -

Плачот 4 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Беда и срам за Јуда, по падот на Ерусалим

1 Како потемне златото, како се измени најчистото злато! Камењата од светилиштето се расфрлени по сите крстопати.

2 Синовите на Сион, некогаш ценети како најчисто злато, а сега ги ценат ка­ко земјани садови, дела на грнчарски раце!

3 Дури и ѕверовите подаваат града и ги хранат рожбите свои, а ќерката на мојот народ стана жестока како ној во пустина;

4 јазикот на доенчето се прилепува до непцето поради жед; децата бараат леб, но никој не им подава.

5 Оние, што јадеа слатки, гинат по улиците; одгледаните во пурпур, се вал­каат во смет.

6 Казната за бесчестието на ќерката на мојот народ ја надминува казната на Содом; тој беше срамнет за миг, и раце човечки не се допреа до него.

7 Кнезовите ѝ беа почисти од снег, побели од млеко; тие беа телесно по­у­ба­ви од корал, изгледот им беше како са­фир;

8 а сега лицето им е потемно од сѐ што е црно; не ги познаваат ни улиците; кожата им се прилепила за коските, па станала сува како дрво.

9 Убиените со меч минаа подобро од оние, што глад ги убива, зашто тие бав­но умираат поради не­достиг од полски плодови.

10 Дури и жалостивите жени ги вареа со рацете децата свои, за да им бидат храна, кога гинеше ќерката на мојот на­род.

11 Господ го излеваше Својот гнев, ја излеа јароста од гневот Свој, и на Сион запали оган, кој ги проголта основите негови.

12 Царевите земни и сите жители по вселената не веруваа дека противникот и непријателот влегол во портите еру­салимски.

13 Сето тоа е поради гревовите на лажните пророци, поради беззаконијата на свештениците негови, кои меѓу него пролеваа крв на праведници;

14 скитаа по улиците како слепи, се осквернуваа со крв, така што не беше можно човек да се допре до одеждите нивни.

15 „Отстранете се, нечисти!“ им викаа: „Отстранете се, отстранете се, не допирајте се!“ и тие се отстрануваа посраме­ни; талкаа од народ до народ, но никој не ги прифаќаше.

16 Лицето на Господ ги расеа; Тој нема веќе милостиво да ги погледне, бидејќи не го почитуваа лицето на свештениците, кон старците милост немаат.

17 Очите ни се веќе истрошени, очекувајќи залудо помош; од нашата стра­жарска кула чекавме народ, кој не мо­жеше да нѐ спаси.

18 А тие демнеа на стапките наши, за да не можеме да одиме по улиците на­ши; нашиот крај наближува, деновите наши се исполнија; крајот ни дојде.

19 Оние, што нѐ гонеа, беа побрзи од орлите небески; по горите нѐ гонеа, ни поставуваа заседи по пустините.

20 Духот на нашиот живот, по­ма­за­ни­кот Господов, уловен е во нивните јами; оној, за кого велевме: „Под сенката Не­гова ќе живееме меѓу народите.“

21 Радувај се и весели се, ќерко Едо­мо­ва, жителко на земјата Уц! И до тебе ќе дојде чашата: ќе се опиеш и ќе се разго­лиш.

22 Ќерко Сионова, казната за твоето беззаконие се сврши; Тој нема повеќе да те гони; но беззаконието твое, ќерко Едомова, Тој ќе го казни и ќе ти ги раз­открие гревовите твои.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy