Online Bible

- Reklamy -

Михеј 1 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Суд за Самарија

1 Слово Господово, упатено до Михеј од Морешет, во деновите на Јо­там, Ахаз и Езекија, цареви јудејски, со кое му беше откриено за Сама­рија и за Ерусалим.

2 Чујте, сите народи, внимавај, зем­јо, и сѐ што те исполнува! Сведок не­ка е против вас Господ Бог, Господ од Својот свет храм!

3 Зашто Господ, ете, излегува од Своето место, ќе слезе и ќе оди по зем­ните височини,

4 и планините ќе се топат под Него, долините ќе се растопат како восок од оган, како водата што се излева низ стрмнини.

5 И сето тоа ќе стане поради престапите на Јаков, поради гревот на Израилевиот дом. Кој му е гревот на Јаков? Нели е тоа Самарија? Кои ѝ се идолските светилишта на Јудеја? Не­ли е тоа Ерусалим?

6 Затоа од Самарија ќе направам купишта урнатини во полето, место за садење лози; ќе ги сринам камењата нејзини во долина и ќе ѝ ги разголам основите.

7 И сите нејзини резани ликови ќе се строшат и сите нивни дарови од блуд – со оган ќе бидат изгорени: сите идо­ли ќе ги разурнам; со дарови од блуд ги правела, и пак ќе бидат дарови од блуд.


Суд за Јудеја

8 Поради тоа ќе заплачам и ќе заридам, ќе одам бос и гол, ќе вијам како чакал, ќе врискам како ној;

9 зашто нема лек за нејзината рана, тоа дојде до Јудеја, а стигна дури и до портите на Мојот народ – сѐ до Ерусалим.

10 Не разгласувајте го ова во Гет, не плачете таму гласно, а во Бет-Ли­јаф­ра посипете се со пепел.

11 Исели се, жителко шафирска, срамно разголена; нема да се спаси ни жителката хананска, до темел е разурнат Бет-Ецел, искорнат е од своите цврсти основи.

12 Жителката на Марот е желна за добро, а ете, зло дојде од Господ, слезе до портите ерусалимски.

13 Впрегни брзи коњи во колата, жителко лахишка, тоа беше почеток на гревот од ќерката Сионска, зашто во тебе се појавија престапите на Из­раил.

14 Затоа ти ќе се збогуваш со дарови од Морешет-Гат; куќите ахзивски ќе бидат измама за царевите израилски.

15 Ќе доведам и освојувач против тебе, жителко; и тој ќе дојде дури до Адулам, славата на Израил.

16 Куби ја косата своја, истрижи се – од жал за своите сакани деца: разголи ја ќелавоста своја за нив како го­ло­глав орел зашто тие ќе бидат одведе­ни од тебе во ропство.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy