Online Bible

- Reklamy -

Лука 3 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Проповедањето на Јован Крстител
( Мт 3,1-6 ; Мк 1,1-6 ; Јн 1,19-31 )

1 Во петнаесеттата година од вла­деењето на царот Тибериј, кога Пон­тиј Пилат беше управител во Ју­де­ја, а Ирод четворовласник над Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на по­краината Итуреја и Трахонитида, и Ли­саниј четворовласник на Авилинија,

2 во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјата реч до Јо­ван, синот на Захарија, во пустината.

3 И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крш­те­ва­ње за проштевање на гревовите,

4 како што е напишано во кни­га­та на зборовите на пророкот Иса­ија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ‚Подгответе го Гос­подо­виот пат и исправете ги патеките Не­го­ви;

5 секоја долина нека се исполни и се­која планина и секој рид нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамни­те патишта нека се израмнат,

6 и секое тело ќе го види спасението Божјо!‘“


Најавување на Судниот ден
( Мт 3,7-10 )

7 А на луѓето што доаѓаа кај него да ги крсти, им велеше: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?

8 Но, направете плод достоен за по­кајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‚Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да издигне чеда на Авраам.

9 Зашто веќе и секирата стои до ко­ре­нот на дрвјата; и секое дрво, што не да­ва добар плод, се сече и се фрла во оган.“


Плодовите на покајанието

10 И го прашаа луѓето, велејќи: „То­гаш што треба да правиме?“

11 А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ги подели со оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“

12 Дојдоа и цариници да ги крсти и му рекоа: „Учителе, што да направи­ме?“

13 А тој им рече: „Не барајте повеќе отколку што ви е одредено.“

14 Го прашаа и некои војници, гово­реј­ќи: „А што да правиме ние?“ И им рече: „Врз никого не извршувајте насилство, никого не клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“


Најавување на Месијата
( Мт 3,11-12 ; Мк 1,7-8 )

15 А бидејќи народот беше во исчеку­ва­ње, па сите помислуваа во срцата свои за Јован, да не е тој Христос,

16 Јован им одговараше на сите, ве­леј­ќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде по­силен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ниту ремчињата на обув­ките Негови: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.

17 Нему му е лопатата во раката Не­гова и Тој ќе го очисти гумното Свое, и ќе го собере житото во житницата Сво­ја, а плевата ќе ја изгори со неизгаслив оган.“

18 И опоменувајќи со уште многу други нешта, му ја објавуваше на на­ро­дот радосната вест.


Јован в затвор
( Мт 14,3-4 ; Мк 6,17-18 )

19 А Ирод четворовласникот, укорен од него заради Иродијада, жената на брата му, и заради сите злодела што ги беше направил Ирод,

20 кон сето тоа додаде и уште едно: го затвори Јован во темница.


Исусовото крштевање
( Мт 3,13-17 ; Мк 1,9-11 )

21 А кога се крсти сиот народ, се крс­ти и Исус, и додека се молеше, се от­во­ри небото,

22 и Светиот Дух слезе на Него во те­лесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој велеше: „Ти си Мо­јот воз­љубен Син, во Кого е Мојата вол­ја.“


Исусовото родословие
( Мт 1,1-17 )

23 Кога почна Исус да проповеда има­ше околу триесет години и беше, како што мислеа, син Јосифов, Илиев,

24 Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов,

25 Мататиев, Амосов, Наумов, Ес­ли­мов, Нагеев,

26 Маатов, Мататиев, Семеиев, Јо­си­фов, Јудин,

27 Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Салатиилов, Нириев,

28 Мелхиев, Адиев, Косамов, Ел­мо­да­мов, Иров,

29 Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Ма­та­тов, Левиев,

30 Симеонов, Јудин, Јосифов, Јоана­нов, Елијакимов,

31 Мелеаев, Маинанов, Мататаев, На­танов, Давидов,

32 Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов,

33 Аминадавов, Арамов, Есромов, Фа­ресов, Јудин,

34 Јаковов, Исаков, Авраамов, Тарин, Нахоров,

35 Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин,

36 Каинанов, Арфаксадов, Симов, Но­ев, Ламехов,

37 Матусалов, Енохов, Јаредов, Ма­ле­леилов, Каинанов,

38 Еносов, Ситов, Адамов, Божји.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy