Online Bible

- Reklamy -

Лука 23 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Исус пред Пилат
( Мт 27,1-2 . 11-14 ; Мк 15,1-5 ; Јн 18,28-38 )

1 И сето мноштво се крена, па Го поведоа кај Пилат,

2 и почнаа да Го обвинуваат, гово­реј­ќи: „Го најдовме Овој како го одвраќа народот наш и забранува да се дава да­нок на царот, и вели дека е Тој Христос Цар.“

3 Пилат Го запраша, велејќи: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и му рече: „Ти велиш.“

4 Пилат им рече на првосвештениците и на народот: „Јас не наоѓам никава ви­на кај Овој Човек.“

5 Но тие и понатаму велеа дека Тој го побунува народот и поучува по це­ла Јудеја, почнувајќи од Галилеја па до овде.


Исус пред Ирод

6 А Пилат, штом чу за Галилеја, зап­раша: „Зар е Овој Човек Галилеец?“

7 И кога разбра дека е Тој од областа Иродова, Го испрати кај Ирод, кој во тоа време, исто така, беше во Еру­са­лим.

8 Ирод, кога Го виде Исус, се зарадува многу, бидејќи одамна имаше желба да го види, зашто беше слушал многу за Него, па се надеваше дека ќе види некое чудо направено од Него,

9 и Му поставуваше многу прашања, но Тој ништо не му одговори.

10 А првосвештениците и книжниците стоеја и жестоко Го обвинуваа.

11 Ирод, пак, со војниците свои, отка­ко Го понизи и Му облече светла облека, Го прати пак кај Пилат.

12 Во тој ден Пилат и Ирод станаа пријатели, зашто порано беа скарани меѓу себе.


Исус осуден на смрт
( Мт 27,15-26 ; Мк 15,6-15 ; Јн 18,39–19,16 )

13 Пилат ги повика првосвештени­ци­те, началниците и народот,

14 па им рече: „Ми го доведовте Овој Човек како бунтовник на народот; а еве, јас пред вас Го испитав и не најдов кај Него никаква вина во она, за што Го обвинувате;

15 а ниту Ирод, зашто Го пратив и кај него; и ете, Тој не направил ништо што би заслужувало смрт;

16 па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“

17 А тој требаше за празникот да им ослободи еден затвореник.

18 Но сите тие заедно повикаа, гово­рејќи: „Земи Го Овој, а пушти ни го Варава!“

19 Варава беше фрлен в затвор заради некаква буна во градот и убиство.

20 Пилат одново повика, сакајќи да Го пушти Исус.

21 Но тие викаа, велејќи: „Распни Го, распни!“

22 Тој и по третпат им рече: „Та какво зло направил Овој? Јас не најдов во Не­го ништо што заслужува смрт; па затоа ќе Го казнам и ќе Го пуштам.“

23 Но тие настојуваа со го­лем вик и бараа Тој да биде распнат; и над­вла­деа нивниот вик и оној на прво­свеш­тениците.

24 И Пилат одлучи да го исполни нивното барање,

25 па им го пушти затвореникот кој беше во темница заради бунт и убиство, оној за кого бараа; и Исус им го пре­да­де на нивната волја.


Исусовото распнување
( Мт 27,32-44 ; Мк 15,21-32 ; Јн 19,17-27 )

26 И кога Го поведоа, Го фатија некој си Симон Киринеец, кој се враќаше од нива, и му го ставија крстот, за да го носи по Исуса.

27 А по Него одеа многу луѓе и жени, кои плачеа и ридаа за Него.

28 Но Исус, кога се заврте кон нив, им рече: „Ќерки ерусалимски, не плачете за Мене, туку плачете за себе и за сво­ите деца;

29 зашто, ете, се приближуваат дено­вите кога ќе се рече: ‚Блазе на неплод­ни­те и на утробите што не родиле и на градите што не доеле!‘

30 Тогаш ќе почнат да им велат на планините: ‚Паднете врз нас‘, и на ри­диштата, ‚покријте нѐ!‘

31 Зашто, кога ова го прават со зе­ле­ното дрво, што ќе биде тогаш со су­во­то?“

32 Водеа и двајца злосторници, за да ги погубат со Него.

33 И кога дојдоа на местото, наречено Черепница, Го распнаа таму Него и злосторниците, едниот оддесно, а другиот одлево.

34 А Исус рече: „Оче, прости им, заш­то не знаат што прават!“ И кога го де­леа облеклото Негово, фрлија ждрепка.

35 А народот стоеше и гледаше; а и старешините се потсмеваа со Него велејќи: „Други спаси, нека Се спаси и Сам, ако е Тој Христос, избраникот Божји!“

36 Исто така и војниците се подигруваа со Него; приближувајќи се, тие Му принесуваа оцет,

37 и велеа: „Ако си Ти Царот Јудејски, спаси се Сам!“

38 А над Него имаше натпис, напишан со грчки, латински и еврејски букви: „Овој е Царот Јудејски.“

39 Еден од распнатите злосторници хулеше на Него, велејќи: „Ако си Ти Христос, спаси се Себеси и нас!“

40 А другиот, кога одговори, го искара и рече: „Зар и од Бога не се плашиш, кога си веќе и сам осуден?

41 Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според на­шите дела; но Тој ништо лошо не на­правил.“

42 И Му рече на Исус: „Сети се на ме­не, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“

43 А Исус му рече: „Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!“


Исусовата смрт
( Мт 27,45-56 ; Мк 15,33-41 ; Јн 19,28-30 )

44 А беше веќе околу шестиот час и настана мрак по целата земја, до девет­ти­от час;

45 и сонцето се помрачи, и завесата од храмот се расцепи преку средината.

46 А Исус извика со силен глас и рече: „Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!“ И штом го рече тоа, издивна.

47 Стотникот, пак, кога виде што ста­на, Го прослави Бога и рече: „Навис­тина Овој Човек бил праведник!“

48 И сиот народ што беше се собрал да гледа, кога виде што стана, се враќаше удирајќи се в гради.

49 А сите Негови познати, и жените, што врвеа по Него од Галилеја, стоеја по­да­леку и го гледаа тоа.


Исусовиот погреб
( Мт 27,57-61 ; Мк 15,42-47 ; Јн 19,38-42 )

50 А ете, еден човек по име Јосиф, член на советот, добар и праведен човек,

51 кој не се согласи со одлуката нивна и делото нивно. Беше од јудејскиот град Ариматеја. А и самиот го оче­ку­ва­ше царството Божјо.

52 Тој отиде кај Пилат и го побара телото Исусово;

53 па Го симна и обви во платно, Го по­ложи во гроб издлабен во камен, во кој уште никој не беше положен.

54 Тој ден беше петок, и саботата веќе настапуваше.

55 По него врвеа и жените, што беа дошле со Исус од Галилеја, и го видоа гробот и полагањето на телото Негово.

56 А потоа се вратија, приготвија ми­риси и миро, а во саботата одмараа спо­ред заповедта.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy