Online Bible

- Reklamy -

Лука 19 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Исус и Закхеј

1 Потоа влезе Исус во Ерихон и минуваше низ него.

2 И ете, еден човек по име Закхеј, кој беше началник на цариниците, и беше богат,

3 настојуваше да види Кој е Тој Исус, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст.

4 Затоа потрча напред и се качи на ед­на дива смоква за да Го види, бидејќи покрај неа требаше да помине.

5 Исус, пак, кога дојде на тоа место, погледна нагоре, го виде и му рече: „Закхеј, слези побргу, зашто денес тре­ба да бидам во твојот дом.“

6 И тој веднаш слезе и Го прими со радост.

7 И сите, кога го видоа тоа, негодуваа и рекоа: „Отиде да гостува кај грешен чо­век.“

8 А Закхеј застана и Му рече на Гос­под: „Господи, еве половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако некого сум оштетил, четворно ќе вратам.“

9 А Исус му рече: „Денес дојде спасението за овој дом, зашто и тој е син Авраамов.

10 Зашто Синот Човечки дојде да го побара и да го спаси она што е за­гу­бе­но.“


Парабола за доверените златници
( Мт 25,14-30 )

11 А на оние што го слушаа ова, им кажа и една парабола, бидејќи беше близу до Ерусалим и тие мислеа дека веднаш ќе се појави царството Божјо,

12 па рече: „Еден благородник заминуваше во далечна земја да прими царска власт за себе и потоа да се врати.

13 Тогаш ги повика своите десет слу­ги, им даде десет мини и им рече: ‚Тр­гу­вајте со нив, додека да се вратам!‘

14 Но граѓаните го мразеа и испратија по него пратеници, велејќи: ‚Нејќеме тој да царува над нас.‘

15 А кога се врати, по примањето на царската власт, нареди да ги повикаат оние слуги, на кои им ги беше дал пари­те, за да види, кој колку спечалил.

16 Дојде првиот и му рече: ‚Господаре, твојата мина заработи десет мини.‘

17 И му рече: ‚Добро, верен слуго; во мала работа беше верен, еве ти власт над десет градови.‘

18 Дојде вториот и рече: ‚Господаре, твојата мина заработи пет мини.‘

19 А тој и нему му рече: ‚И ти биди – над пет градови.‘

20 И друг дојде, велејќи: ‚Господаре, еве ти ја твојата мина, што ја чував заврзана в кр­па,

21 зашто се плашев од тебе, бидејќи си строг човек: земаш од каде што не си оставил и жнееш, каде што не си сеел.‘

22 А тој му рече: ‚Со твојата уста ќе ти судам, лукав слуго; ти знаеш дека сум строг човек: земам од каде што не сум оставил и жнеам, каде што не сум сеел;

23 тогаш, зошто не ги даде моите пари кај трговците, та кога ќе се вратам, да си го соберам сосе добивка?‘

24 Па им рече на присутните: ‚Земете ја од него мината и дајте му ја на оној, што има десет мини!‘

25 И му рекоа: ‚Господаре, тој има де­сет мни!‘

26 Ви велам дека секому што има ќе му се придаде; а од оној што нема, ќе му се одземе и она што го има.

27 А оние мои непријатели, што не са­каат да царувам над нив, доведете ги ту­ка и погубете ги пред мене!“


Исусовото свечено влегување во Ерусалим
( Мт 21,1-11 ; Мк 11,1 ; Јн 12,12-19 )

28 Кога го рече тоа, Тој тргна понатаму, искачувајќи се кон Ерусалим.

29 И кога се приближи до Витфагија и Витанија, до таканаречената Масли­но­ва Гора, испрати два ученика,

30 велејќи: „Одете во селоно отспротива. Штом ќе влезете во него, ќе најдете едно врзано магаре, кое ниеден човек не го јавал. Одврзете го и доведете го!

31 И ако ве праша некој: ‚Зошто го одврзувате?‘ Кажете му вака: ‚Тоа Му е потребно на Господа.‘“

32 Кога отидоа испратените, најдоа како што им беше рекол.

33 И кога го одврзуваа магарето, сто­паните негови им рекоа: „Зошто го одврзувате магарето?“

34 Тие одговорија: „Потребно Му е на Господа.“

35 И го доведоа кај Исус, па штом ги нафрлија облеките свои на магарето, Му помогнаа на Исус да се качи.

36 И додека минуваше Тој, ги постилаа своите наметки по патот.

37 А кога наближи до подножјето од Маслиновата Гора, сето мноштво уче­ници почна, радувајќи се, громогласно да Го прославува Бога, за сите чуда што ги видоа,

38 велејќи: „Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово! Мир на не­бо­то и слава во висините!“

39 А некои фарисеи од народот Му ре­коа: „Учителе, забрани им на учениците Твои!“

40 Но Тој им одговори и рече: „Ви ве­лам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат.“


Исус плаче за Ерусалим

41 А кога се приближи и го виде гра­дот, заплака над него

42 и рече: „Кога би можел во овој твој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи.

43 Зашто ќе дојдат денови за тебе и не­пријателите твои ќе те опкружат со ро­вови и ќе те опколат, и ќе те притеснат од сите страни;

44 и ќе те разорат тебе и децата твои во тебе и нема да остават камен на камен од тебе, зашто не си го позна времето кога беше по­се­тен.“


Исус во храмот
( Мт 21,12-17 ; Мк 11,15-19 ; Јн 2,13-22 )

45 И кога влезе во храмот, почна да ги гони оние што продаваа и купуваа во него,

46 велејќи им: „Напишано е: ‚Домот Мој е дом за молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.‘“

47 И поучуваше секој ден во храмот. А првосвештениците и книжниците, и старешините народни, настојуваа да го погубат,

48 но не пронајдоа како да Му го на­прават тоа, зашто сиот народ Го слу­ша­ше со големо внимание.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy