Online Bible

- Reklamy -

Лука 14 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Исус исцелува човек со водена болест во сабота

1 Еднаш во сабота влезе кај еден од фарисејските старешини да јаде леб; и тие Го надгледуваа.

2 И ете, застана пред Него чо­век, кој имаше водена болест.

3 Исус ги запраша за­кониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“

4 А тие молчеа. И откако го допре, го излекува и го отпушти.

5 И им одговори и рече: „Кој од вас ако му падне в бунар магаре или вол, нема да го извади веднаш, иако е саботен ден?“

6 И не можеа да Му одговорат на тоа.


Кое место да се одбере и кој да биде поканет

7 А кога забележа како поканетите ги одбираат почесните места, им кажа па­рабола и рече:

8 „Кога ќе те покани некој на свадба, не седнувај на почесно место, зашто, ако случајно е поканет некој со поголема чест од тебе,

9 Па да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: ‚От­стапи го местото на овој!‘ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место.

10 Но, кога ќе бидеш поканет, оди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом дојде, да ти каже: ‚Пријателе, премести се погоре!‘ Тогаш ќе имаш чест пред оние што седат со тебе на трпезата.

11 Зашто, секој што се возвишува, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде возвишен.“


Повикај ги сиромашните!

12 А и на оној што го беше поканил, му рече: „Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту бра­ќата свои, ниту роднините свои, ниту бо­гатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти биде возвратено.

13 Но, кога даваш гозба, повикај ги си­ромасите, сакатите, куците, слепите.

14 И ќе бидеш блажен, зашто тие нема­ат со што да ти возвратат, и затоа ќе ти биде возвратено при воскресението на праведните.“


Парабола за големата вечера
( Мт 22,1-10 )

15 А кога го слушна тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му ре­че: „Блажен е оној кој ќе јаде леб во царството Божјо!“

16 А Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и покани мно­зи­на;

17 и кога беше време за вечерата, го прати слугата свој да им каже на по­ка­нетите: ‚Дојдете, зашто веќе сѐ е под­­готвено!‘

18 И почнаа сите по ред да откажува­ат; првиот му рече: ‚Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!‘

19 Вториот рече: ‚Купив пет ѕевгари волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!‘

20 Третиот рече: ‚Се оженив и затоа не можам да дојдам.‘

21 Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: ‚Оди бргу по плоштадите и улиците градски и донеси ги тука сиромашните, сакатите, куците и слепите!‘

22 И рече слугата: ‚Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.‘

23 И му рече господарот на слугата: ‚Излези по патиштата и меѓу оградите и убеди ги да дојдат за да ми се наполни куќата!‘

24 Зашто, ви велам: никој од оние што беа повикани нема да вкуси од вечерата Моја. Зашто мнозина се поканети, но малкумина се избрани.“


Неопходни услови да се стане ученик
( Мт 10,37-38 )

25 Со Него одеше многу народ; и Тој се заврте и им рече:

26 „Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.

27 И, кој не го носи својот крст, и не оди по Мене, не може да биде Мој уче­ник.

28 Зашто, кој од вас, кој сака да соѕида кула, нема да седне најнапред за да на­прави сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за да ја довр­ши?

29 Во спротивно, ако веќе ги поставил темелите, а не може да ја доврши, сите што гледаат, ќе почнат да му се смеат,

30 и да зборуваат: ‚Овој човек почна да ѕида и не може да доврши.‘

31 Или кој цар, кога тргнува во војна против друг цар, нема да седне најнапред да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?

32 Ако не може, додека е другиот уш­те далеку, ќе прати пратеници и ќе мо­ли за мир.

33 Така и ниеден од вас, кој нема да се откаже од сѐ што има, не може да биде Мој ученик.“


Неполезна сол
( Мт 5,13 ; Мк 9,50 )

34 „Солта е добро нешто, но ако солта облутави, со што ќе се соли?

35 Ниту на земјата, ниту на ѓубрето нема да му е погодна; па затоа ја фр­ла­ат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy