Online Bible

- Reklamy -

Лука 11 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Исус и молитвата
( Мт 6,9-13 )

1 Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Госпо­ди, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“

2 А Тој им рече: „Кога се молите, го­ворете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на не­бото, така и на земјата,

3 лебот наш насушен давај ни го секој ден;

4 и прости ни ги нашите гревови, заш­то и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘“


Парабола за пријателот

5 И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба;

6 зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘

7 И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е ве­ќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти да­дам‘,

8 ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.


Секој што ќе побара ќе му биде дадено
( Мт 7,7-11 )

9 И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори.

10 Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори.

11 И кој татко меѓу вас, ако синот му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, ќе му даде змија место ри­ба?

12 Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија?

13 Па така, значи, ако вие, кои сте ло­ши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“


Исус се брани од обвинувањето
( Мт 9,32-34 ; 12,22-30 ; Мк 3,20-27 )

14 Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, не­миот проговори; и народот се восхити.

15 Тогаш некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“

16 А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото.

17 Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа.

18 И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови.

19 И, ако Јас, пак, со Велзевул ги ис­те­рувам злите духови, тогаш синовите ва­ши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии.

20 Ако Јас, пак, со прст Божји ги из­го­нувам демоните, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо.

21 Кога силен, вооружен човек, го чу­ва својот двор, тогаш имотот негов е во безопасност.

22 Но, кога ќе дојде некој посилен од него и го надвладее, тој ќе му го земе сето оружје негово, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде.

23 Кој не е со Мене, тој е против Ме­не; и кој не собира со Мене, тој растура.


Враќање на лошиот дух
( Мт 12,43-45 )

24 Кога нечист дух ќе излезе од чо­ве­ка, тој оди преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘

25 Па, штом дојде, го наоѓа изметен и среден.

26 Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе вле­зат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“


За вистинското блаженство

27 И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“

28 А Тој рече: „Навистина, ­бла­же­ни се оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“


Знакот на Синот Човечки
( Мт 12,38-42 )

29 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Овој род е зол род; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;

30 зашто, како што Јона беше знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за овој род.

31 Јужната царица ќе стане на Су­дот со луѓето од овој род и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон.

32 И Ниневјаните ќе станат на Судот со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.


Светило на телото
( Мт 5,15 ; 6,22-23 )

33 Никој, пак, не става запалено светило на сокриено место, ниту под покло­пец, туку на свеќник, за да можат да ја гледаат светлината оние што влегуваат.

34 Твоето око е светило на твоето те­ло. Ако твоето око е здраво, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лошо, и твоето тело ќе биде тем­но;

35 затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина.

36 Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“


Исус ги обвинува фарисеите и познавачите на законот
( Мт 23,1-36 ; Мк 12,38-40 )

37 И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза.

38 И фарисејот се зачуди кога виде де­ка Тој не си ги изми рацете пред јадење.

39 Но Господ му рече: „Ете, вие фари­се­ите ја миете чашата и чинијата однад­вор, а внатрешноста ви е полна со гра­беж и лукавство.

40 Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното?

41 Но, давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чис­то.

42 Но тешко вам, фарисеи, зашто да­вате десеток од нане и рута, и од се­ка­ков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го про­пуш­тите.

43 Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!

44 Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гро­бови, преку кои луѓето одат, а не ги зна­ат.“

45 Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“

46 Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите лу­ѓе­то со товари што не можат да ги под­несат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари.

47 Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци;

48 Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, би­деј­ќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници.

49 Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги про­гонат‘;

50 за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот;

51 од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род.

52 Тешко вам, законици, заш­то го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да вле­зат им попречивте.“

53 А кога го зборуваше тоа, книж­ни­ците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни пра­шања;

54 Го демнеа, сакајќи да уловат неш­то од Неговата уста за да Го обвинат.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy