Online Bible

- Reklamy -

Левитска 9 - Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)


Стапување на должност на Арон и на неговите синови

1 А во осмиот ден ги повика Мојсеј Арона и синовите негови и старе­шините израилски,

2 па му рече на Арон: „Земи од говедата свои теле поради грев, и овен за сепаленица, обете без недостаток, и принеси ги пред Господ.

3 И на старешините израилски кажи им: земете козел за жртва за грев, и овен и теле и јагне, едногодишни, без недостаток, за жртва сепаленица,

4 а и теле, и овен за принесување жртва за мир пред Господ, и лебен принос измешан со масло, бидејќи денес ќе ви се јави Господ вам.“

5 Зедоа сѐ како што им заповеда Мојсеј, и сето тоа го донесоа пред ски­нијата на собранието; се собра целиот народ, па застана пред Господ.

6 Им рече Мојсеј: „Еве што заповеда Господ да направите, и ќе ви се покаже славата Господова.“

7 Му рече Мојсеј на Арон: „Пристапи до жртвеникот и принеси жртва за гревот твој и твојата жртва сепаленица, очисти се себеси и народот и принеси жртва за народот и очисти ги, како што заповеда Господ.“

8 Тогаш пристапи Арон до жртве­никот и закла теле за него, како жртва за грев,

9 и принесоа синовите Аронови крв до него, и тој го натопи прстот свој во крв­та и стави од неа на роговите од жртве­никот, а остатокот од крвта го излеа во подножјето на жртвеникот;

10 лојот и обата бубрега, и кошулката на црниот дроб, ги изгоре врз жртвени­кот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј;

11 месото, пак, и кожата ги изгоре надвор од логорот.

12 Потоа закла жртва сепаленица, и синовите Аронови му поднесоа од крвта нејзина, а тој го попрска жртвеникот од сите страни;

13 му ја донесоа и жртвата сепаленица во делови; сето тоа, и главата, ги изгоре на жртвеникот,

14 а утробата и нозете ги изми, и ги изгоре врз жртвеникот заедно со жртвата сепаленица.

15 Потоа тој принесе дар од народот; зеде козел поради гревот на народот, го закла, и го принесе како жртва за грев како и првиот.

16 И принесе жртва сепаленица, и го изврши тоа според заповедите како што треба.

17 А принесе и лебен принос и ги на­полни рацете со него, и го изгоре на жртвеникот, врз утринската жртва сепаленица.

18 Ги закла и волот и овенот што беа од народот, како жртва за мир; и сино­вите Аронови му ја принесоа крвта нивна, и тој го полеа со неа жртвеникот од сите страни;

19 му го дадоа и лојот од волот и опашката од овенот, и лојот што ја покрива утробата, и обата бубрега, како и кошулката од црниот дроб,

20 па го ставија лојот врз градите, и тој го изгоре лојот врз жртвеникот;

21 градите, пак, и десната плешка ги принесе Арон нишајќи ги пред Господ, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

22 Потоа ги подигна Арон рацете кон народот и го благослови, па потоа сле­зе, откако принесе жртва за грев, жртва сепаленица и жртва за мир.

23 А Мојсеј и Арон влегоа во скинијата на собранието, па излегоа и го благословија народот и им се јави славата Господова на сите луѓе:

24 и се јави оган од Господ и ги изгоре на жртвеникот жртвата сепаленица, и лојот; а народот, кога го виде тоа, викна од радост и падна ничкум на земјата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006

© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Macedonian Bible Society
Následuj nás:



Reklamy